
со цел да се иницира поефикасно мобилизирање на сите расположиви сили и знаења во решавање на еден од најголемите предизвици во главниот град на државата, аерозагадувањето.
Справувањето со загадувањето со воздухот бара кооперативен и ингегриран пристап на сите нивоа, на централната власт, локалните самоуправи, бизнис заедницата и граѓаните. Само така можеме да ја постигнеме целта што е од заеднички интерес, бидејќи сите дишеме ист воздух – истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска


Според Оџаклиеска, централната власт работејќи на усогласување на националното со европското законодавство, постигна виден напредок во регулирање на обврските и правта во областа, но се уште е предизвик неговата имплементација. „Законите мора да се применуваат и почитуваат“- додаде Оџеклиеска.
На настанот обраќање имаше и Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Град Скопје, а вовед во темата на сесијата даде Горјан Јовановски, експерт во областа.