Оџаклиеска на Климатско собрание на Скопје

News
Законите мора да се применуваат и почитуваат
Оџаклиеска на Климатско собрание на Скопје
17.02.2024
Проектот има за цел да ги обедини различните засегнати страни и да овозможи размена на мислења, ставови и предлог- решенија

со цел да се иницира поефикасно мобилизирање на сите расположиви сили и знаења во решавање на еден од најголемите предизвици во главниот град на државата, аерозагадувањето.

Справувањето со загадувањето со воздухот бара кооперативен и ингегриран пристап на сите нивоа, на централната власт, локалните самоуправи, бизнис заедницата и граѓаните. Само така можеме да ја постигнеме целта што е од заеднички интерес, бидејќи сите дишеме ист воздух – истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска

 

1
2
Проект
Климатско собрание на Скопје
Климатското собрание на Скопје е проект на здружение на граѓани ЗИП Институт финансиран од Европската фондација за клима, Советот на Европа и Европската Унија

Според Оџаклиеска, централната власт работејќи на усогласување на националното со европското законодавство,  постигна виден напредок во регулирање на обврските и правта во областа, но се уште е предизвик неговата имплементација. „Законите мора да се применуваат и почитуваат“- додаде Оџеклиеска.

На настанот обраќање имаше и Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Град Скопје,  а вовед во темата на сесијата даде Горјан Јовановски, експерт во областа.

Gallery
Submitted by alfa4 on 17.02.2024 - 10:00