Водач за регистрација на производителите

Соопштенија
Преземање на обрасци за регистрација на производители
Водач за регистрација на производителите
26.03.2024

Управата за животна средина информира дека сите производители кои имаат обврска да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) и Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација од страна на производителот,  барањето за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на Регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација на производителот во Регистарот на производители со проширена одговорност и потврдата за бришење на производителот од Регистарот на производители за проширена одговорност („Сл. весник на РСМ“ бр.58/2022) обрасците за регистрација (на македонски јазик и двојазично (МК и АЛБ) може да ги превземат од следните линкови:

Оние производители кои ќе достават барање од Прилогот 1 на македонски јазик, ќе добијат потврда на македонски јазик. Произвоителите кои ќе достават двојазично барање од Прилогот 1 ќе ја добијат потврдата на македонски и албански јазик. Производителите кои вршат пласирање на одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад што припаѓа на повеќе посебни текови на отпад (на пример и отпад од пакување, отпадни батерии, текстил, возила итн.) поднесуваат посебно барање од Прилогот 1 за секој посебен тек на отпад. Барањето се доставува на хартија во писарницата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова ќе биде постапката, се до воспоставувањето на електронскиот систем за регистрација на производителите.

Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:

  • копија од тековната сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна Македонија,
  • уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација),

Жиро сметките може да се превземат од следниот линк:

Жиро сметка за административна такса за барање за регистрација на производителите

Submitted by alfa4 on 26.03.2024 - 13:41