Градежни работи за затворање на диви депонии и ѓубришта во источен и североисточен регион

Надзор на градежните работи за затворање на диви депонии и ѓубришта во источен и североисточен регион – прва фаза
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Главната цел на проектот, чиј дел ќе биде овој договор е како што следува:
Да се затворат и рехабилитираат старите непрописни/диви депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион со овозможување преодни услуги за одлагање на отпад до воспоставување на регионален систем за управување со отпад.

Целта на овој договор е како што следува:
Да помогне во управувањето со и успешно спроведување на договорите за градежни работи за затворање на диви депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион (прва фаза) што ќе се спроведат согласно ФИДИК условите на договор (“Жолта книга”, издание од 1999)

Проектни компоненти-резултати

Почетен извештај

Времени извештаи (на секои шест месеци)

Конечен извештај

Со цел да се обезбеди правилно спроведување на договорите за градежни работи, надзорот ќе обезбеди голем број под-активности со одредени специфични цели:

  • Да обезбеди технички и финансиски надзор и да обезбеди завршување на работите како што е дефинирано во дозволите и во согласност со одобрението за градење и барањата на работодавачот, во наведената временска рамка и во рамките на договорениот буџет.
  • Да се ​​обезбедиуслугазанадзорнапроектирањеиизградбанадиви депонии и ѓубришта воисточниотисевероисточниотрегион.
  • Да обезбеди услуга за надзор за време на гарантниот период.
Тип на проект
Договор за услуги
Вредност на проектот
593.000 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Завршен
Корисници на проектот
Министерството за животна средина и просторно планирање
Краен корисник
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Источен регион и 11 општини од Источен регион (Штип, Пробиштип, Кочани, Карбинци, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово)
Општина Свети Николе и нивните јавни комунални претпријатија
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Северо-источен регион и 6 општини од Северо-источен регион (Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Kратово, Ранковце и Крива Паланка) и нивните јавни комунални претпријатија
Изведувачи
ENVIROPLAN CONSULTATS & ENGINEERS S.A.
ICP Ingenieurgesellschaft Prof. Czurda & Partner mbH (ICP)
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за Европска Унија
Сектор за отпад