Главната цел на проектот, чиј дел ќе биде овој договор е како што следува:
Да се затворат и рехабилитираат старите непрописни/диви депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион со овозможување преодни услуги за одлагање на отпад до воспоставување на регионален систем за управување со отпад.
Целта на овој договор е како што следува:
Да помогне во управувањето со и успешно спроведување на договорите за градежни работи за затворање на диви депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион (прва фаза) што ќе се спроведат согласно ФИДИК условите на договор (“Жолта книга”, издание од 1999)
Почетен извештај
Времени извештаи (на секои шест месеци)
Конечен извештај
Со цел да се обезбеди правилно спроведување на договорите за градежни работи, надзорот ќе обезбеди голем број под-активности со одредени специфични цели:
- Да обезбеди технички и финансиски надзор и да обезбеди завршување на работите како што е дефинирано во дозволите и во согласност со одобрението за градење и барањата на работодавачот, во наведената временска рамка и во рамките на договорениот буџет.
- Да се обезбедиуслугазанадзорнапроектирањеиизградбанадиви депонии и ѓубришта воисточниотисевероисточниотрегион.
- Да обезбеди услуга за надзор за време на гарантниот период.