Раководител на СПОР

Листа на обврски-одговорности

  • Ја планира, организира и координира работата на секторот, врши надзор и дава насоки и упатства за работата на вработените, ја следи, контролира и оценува работата на вработените во Секторот;
  • Дава упатства при изготвување интерни акти и пишува мислења, анализи, информации и извештаи за нив, одговори на судски предмети;
  • Дава насоки за одговори на поднесените преставки и предлози; 
  • Координација при спроведување на стручните испити од областа на животната средина
  • Ги следи, проучува и ги применува прописите од Законот за постапување по претставки и предлози, Законот за општата управна постапка, Законот за архивски материјал, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за прибавување и размена на докази пр. службена должност, Закон за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за оцена на работењето и давањето услуги во државната служба, Закон за користење и располагање со државните органи, Закони од областа на животната средина, Закон за заштита на лични податоци, Закон за информации од јавен карактер, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за укажувачи;
  • Носител на активностите за изработка на процедури од Системот за управување со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001: 2008 од надлежност на Секторот;
  • Носител на активностите за Стратегијата за управување со ризици 
  • Учествува во подготовката на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа, како и предлог-буџетот на Министерството во делокругот на секторот со кој раководи;
  • Обезбедува стручна помош, совети на административниот персонал од пониско ниво во рамките на Секторот