Свето Василески

Раководи и го координира одделението делот кој го опфаќа процесот на управување со аерозагадувњето и управувањето со органски испарливите материи.
Одделение за аерозагадување и органски испарливи материи
Раководител на одделение
Раководител на одделение за АОИМ
Телефон
Опис на работната позиција

Раководи и го координира одделението делот кој го опфаќа процесот на управување со аерозагадувњето што е во надлежност на министерството и управувањето со органски испарливите материи.

Раководител на одделение за АОИМ - обврски

Листа на обврски-одговорности:

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи,  за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот
  • Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во имплементација на законските одредби во делот кој го опфаќа процесот на управување со аерозагадувњето што е во надлежност на министерството и управувањето со органски испарливите материи. 
  • Се грижи за евиденцијата на инсталациите кои работат со органски испарливи материи, го следи процесот на имплементација на обврските кои проилзегуаат прометот на органски испарливи материи. 
  • Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, 
  • соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, 
  • Ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати. 
  • Врши оцена на ефектот и квалитетот на изврешените работни задачи на лицата по негово раководаство. 
  • Изготвува годишна програма и план за работата на одделението. 
  • Должен е редовно да доставува извештај за својата и работата на одделението до непосредниот раководител
  • Донесува предмети во управна постпка