декември 2004 - август 2006 год.
Поранешен министер
Образование
2005 Докторирал на Институтот за политичко-правни и социолошки истражувања, Скопје, на тема “Децентрализација на власта во Република Македонија”
2000 Магистрирал на Правниот факултет, Скопје, на тема: “Односите меѓу локалната самоуправа и централната власт во Република Македонија”
1999 Завршил пост-дипломски студии на Правниот факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје
1998 Положил нотарски испит
1984 Положил правосуден испит (судско-адвокатски испит)
1982 Дипломирал на Правниот факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје
Обуки и усовршување
Декември 2005: COP11/MOP1 – Единаесетта Конференција на Страните на Рамковната Конвенција за климатски промени на ОН (UNFCCC), која служеше како Прв Состанок на Страните на Протоколот од Кјото, Канада.
мај 2005: Годишна Конференција на Регионалниот Центар за животна средина на тема: “Политики и законска регулатива во областа на животната средина во Република Македонија”, Будимпешта, Унгарија
мај 2005: COP1 – Прва Конференција на Страните на Стокхолмскат Конвенција на неразградливи органски полутанти”, Уругвај
Учесник со свои трудови на повеќе меѓународни настани од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина
Повеќе други Студиски предстои во странство во областа на административното право, уставното право, правото во областа на животната средина, правото во областа на локална самоуправа;
1-15 август 1995 Студиски предстој во Велика Британија, на тема: “Функционирање на парламентарната демократија и државната администрација на ВБ”, организирани од Британскиот Совет и Канцеларијата за врски на ВБ, во повеќе наврати
30 јануари – 10 февруари 1998, на тема: “Политичка култура, владеење на правото и демократијата”;
Семинари за специјализација во Германија во организација на Friedrich Naumann Shiftung
Јуни-август 2004: Специјализација на Харвард Универзитетот (John F. Kennedy School of Government), САД
Март 2004: 10-дневен семинар на тема: “Справување со корупцијата во светски рамки: Како да дојдеме од нула до херој?” на Оксфорд Универзитетот (ВБ), организиран од Британскиот Совет
20 – 27 мај 2003: Специјалистички семинар на тема: “Ефикасна законодавна работа на Парламентот”, Унгарија, организиран од Hungarian Political Consulting Participant, поддржан од USAID
25 октомври – 5 ноември 2002: Специјалистичка студија (Study Mission on Association Capacity Building), на тема: “Развој на локалната јавна администрација”, организирана од VNG International – Холандија
14 март – 14 април 1998: Семинар на тема: “Адвокати за човекови права”, организиран од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ, Скопје;
1 – 20 февруари 1998: Студиски предстој во Хамбург, Германија, на тема: “Слобода на медиумите и нивната поврзаност со политиката”
25 октомври – 5 декември 1994: Специјалистички семинар на тема: “Организација и работа на законодавните институции во САД, организација на федералната администрација во САД и работа на федералниот изборен комитет во САД”, организиран од IRI, САД
15 октомври – 15 ноември 1994: Студиски предстој во САД – Изборна кампања, организиран од NDA, САД
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Останати јазици
Англиски
Бугарски
Германски
Српски
Работно искуство
17 декември 2004 год. до Август 2006 год. Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.
1999-2002 аменик на Генералниот директор на Јавното претпријатие за комунални работи во Град Скопје во “Паркови и зеленило” – Скопје;
1994-1998 Пратеник во Парламентот на Република Македонија – Претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу етничките заедници и член на Комисијата за европски прашања;
1994-1998 Пратеник во Парламентот на Република Македонија и Претседател на Собраниската комисија за надзор – служба за безбедност
1991-1996 Градоначалник на Општина “Кисела Вода”- Скопје;
1985-1990 Советник за меѓународно трговско право – МЗТ “Комерц”;
1983-1985 Стручен советник и виш стручен советник во Уставниот Суд на Македонија;
1982-1983 Правник;
Реализирани проекти и активности
1998-2002 Член на Статистички совет на Република Македонија.
1997-1998 Член на Парламентарната Делегација на Македонија во Собранието на НАТО, и член на истата Делегација во 2002 година;
1994-1998 Член на Парламентарната Делегација на Македонија во Собранието на Западно-Европската Унија (WEU);
1994-1996 Член на Делегација на локалните заедници во Советот на Европа - “Конгрес на локални и регионални власти”;
Публикации
Автор на повеќе публикации од областа на правните науки и научни реферати од областа на децентрализација на власта, реформа на судскиот систем, административна организација, како и законот и политиката за животна средина објавени во Македонија и во стран