јуни 2014 - април 2016 год.
Поранешен министер
Нурхан Изаири е роден 16. 11. 1961 година во Тетово, каде го завршил и основното училиште. Средното образование го завршил во Средното училиште со успех. Женет, татко на 3 деца. По национална припадност е Албанец.
Квалификации:
Повеќе од 25 години професионално искуство во сферата на просторното и урбанистичкото планирање како и активно учество во изработка на плански документи за заштита на животната средина, проектирање и изработка на урбанистички планови и управување со нив.
Образование
2013 Докторант на Aрхитектура и урбанизам, Факултет за архитектура во Сараево
2004 Магистер по Урбан еколошки менаџмент
1989 Дипломиран на Архитектонскиот факултет во Приштина
1980 Средно образование Тетово- “Кирил Пејчиновиќ”
Обуки и усовршување
Школа за млади политичари (2011) – Фондација Фридрих Еберт
Останати јазици
Англиски
Српски
Француски
Работно искуство
Јуни 2014 год. до 04.04.2016 год. Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија
Заменик председател на надзорен одбор – Дирекција за патишта – 2012
Заменик председател на Комисија за брани – Министерство за животна средина и просторно планирање 2012-2014
Лиценца за просторно и урбанистичко планирање – 2005
Изработка на Проект “Студија за заштита на Охридското езеросо DAR, Германија – 2000
Основател на проектно биро ATELIE 2, Тетово 1993
Проектант во Архитектонско Биро RITZ HANS, Швајцарија 1991-1993
Проектант во Grava S A – BIL-BIENE, Швајцарија 1989 -1990