јули 2011 - јуни 2014 год.
Поранешен министер
Абдилаќим Адеми е роден 20. 12. 1969 година во Шемшево, Тетово, каде го завршил и основното училиште. Женет, татко на 2 деца.
Образование
Бурсист на DAAD – Германска Фондација за Меѓународна Соработка
Докторант на Технолошко – Металуршки факултет УКИМ Скопје
Магистер по технички науки – 2011: Универзитет во Приштина, насока: “Анализа и употреба на материјали”
Високо: Дипломиран Инженер по Металургија, Политехнички Факултет, Тирана, 1996
Средно: Гимназија “Кирил Пејчиновиќ” – Тетово, Математика – Информатика
Основно: “Даме Груев” – Шемшово
Обуки и усовршување
Обука при Институтот за Градежни и стаклени материјали во Техничкиот Универзитет Фрајбург – Германија.
Школа за млади политичари
Обука за креирање политики
Членство во стручно-научни здруженија
Економски совет
Комисија за економски систем и тековни економски политики
Комитет за туризам
Комитет за отпад
Комитет за здравје и животна средина
Комитет за минерална суровина
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Останати јазици
Албански
Италијански
Работно искуство
2011- 2014 – Министер за животна средина и просторно планирање
2009- Член на советот за безбедност на Република Македонија
2008-2011 Заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за спроведување на Рамковниот Договор Комисија за политички систем – Подпретседател
2007-2008 ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово
2004-2006 Асистент при Државниот Универзитет во Тетово, предмет “Анализа на градежни материјали”
2006-2007 член на Бордот на Директори во АД “ГА-МА” – Скопје
2002 – 2006 пратеник во Собранието на Република Македонија
Реализирани проекти и активности
Проект со Национален Демократски Институт, Студиска посета на Сенатот на Мичиген, Сенатот на САД и ДСД.
Проекти со Национален Републикански Институт
Проекти и обука под покровителство на Фондацијата Фридрих Егберт
Проекти со Нансен Дијалог Центар – Скопје, Невладина Организација
Дијалог семинари за родители од општина Јегуновце – преговори, организирање на состаноци, како и учествување на семинари и следење на резултатите во склоп на проектот (2005-2007)
Дијалог семинари со локалните власти од општина Јегуновце (2005-2006)
Студиска посета на Норвешка (2006)
Како претставник од Училишниот Одбор на семинари за подигање на свеста за активно учество на родителите во училиштата во мултиетнички средини.(2007)
Асистирање при етаблирање на неформалните курсеви за децата од различна етничка припадност за ИТ, Англиски, Албански и Македонски Јазик.(2005 )
Соработка и асистирање на НДЦ Скопје за имплементација на проектите за Водоводите, за Училишен Спорт, за рехабилитација на Училиштата во оваа општина, за различни земјоделски и останати проекти во сферата на урбано планирање.( 2005-2007)
Како лице контакт и консултирање за било какви меѓународни посети, нивно организирање и водење. ( од 2005 во континуитет)
Еден од главните иницијатори и поддржувачи за дизајнирање и имплементација на експлицитна програма за активно вклучување на родителите во образовниот систем-воспоставување на контакти со родителите како и наставниците.(2007)