Одделение за оцена на влијание врз животна средина и заштита на почви

Одделение
Спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина и издавање на мислење и Решенија по Елаборати за заштита на животната средина.
Одделение за оцена на влијание врз животна средина и заштита на почви

Спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина и издавање на мислење и Решенија по Елаборати за заштита на животната средина. Исто така обврска на Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите е да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина.

Постапката за оцена на влијанието врз животната средина е уредена во глава XI. Оцена на влијанијата на определни проекти врз животната средина од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 89/22 и 171/22). Со оваа глава од Законот за животната средина се делумно усогласен со одредбите на Директива 2011/92/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 13 декември 2011година за оценување на влијанијата врз животната средина на одредени јавни и приватни проекти (кодифицирана) и измените со Директивата 2014/52/ЕУ – околу 80%.
Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите врши спроведување на постапката за оцена на влијание врз животната средина. Постаката за оцена на влијане врз животната средина опфаќа процена на можнте влијанија на определени проекти врз животната средина. Исто така постапките опфаќаат и

  • кооридинирање на целата постапка за оцена на влијание врз животната средина со релевантни секторти во Управата за животна средина и други засегнати институции,
  • консултации со јавност,
  • утврдување на потребата од спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина,
  • утврдување на обем на Студијата за ОВЖС,
  • организирање и модерирање на јавни расправи,
  • водење на записници од јавни расправи,
  • изготвување на извештај за соодветност по Студијата за Оцена на влијание врз животната средина,
  • подготовка на акти кои произлегуваат од постапката за оцена на влијание врз животната средина.
  • За проектите за кои се утврдило дека не епотребно да се спроведе постапка за оцена на влијание врз животната средина во одделението за оцена на влијание врз животната средина се утврдува потребата од изработка на Елаборати за заштита на животната средина и се врши нивно одобрување или одбивање.
  • Во Одделението за оцена на влијание и заштита на почвите се води регистар на одобрени Елаборати за заштита на животната средина и Регистар на Студии за ОВЖС.
  • Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите ги спроведува обврските од Конвенцијата за оцена на влијание во прекуграничен контест – ЕСПО како и дел од обврските на Архушката конвенција.
  • Исто така обврска на Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите е да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина.
  • Подготовка на законска регулатива (закон и подзаконски акти) од областа на заштитата на почвата;
  • Заштита на почвата како ограничен, незаменлив, уништлив и тешко обновлив природен ресурс;
  • Изготвување на стратегии, програми и планови за заштита на почвата;
  • Имплементација на меѓународни документи за заштита на почвата;
  • Насоки за заштита од загадување и за унапредување на квалитетот на почвата;
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30