Соопштенија
Увоз на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка
15.01.2020
Во врска со член 2 од Наредбата за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 92/10, 150/12)
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека количината за увоз на супстанции од Прилогот на горе наведената наредба ќе биде ограничен на 19670 кг за 2020 година.
Увозот на предметните супстанции ќе биде одобруван по принципот прв дојден – прв услужен.