Претставници од младинската организација Младински образовен форум беа во едукативна посета на Министерството за животна средина и просторно планирање, кое континуирано ја спроведува во пракса својата определба за транспарентно и отворено работење.
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска беше во работна посета на с.Тремник, општина Неготино, каде беше направен увид во изградбата на нов потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во населеното место.
Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи имаше поздравно обраќање на работниот состанок на тема „Размена на искуства во развојот и спроведувањето на проширена одговорност на производителитe“ одржан во Стопанска Комора на Северна Македонија.
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска имаше работна средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, кои беа во тридневна посета на земјава, со цел проценка и утврдување на општата состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.
На 4-тиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации за период од 2021-2025 година, беа презентирани резултатите од спроведувањето на Рамката во 2023 година заедно со заедничкиот работен план за 2024 година
Денес, во близина на ветропаркот Богословец, Свети Николе, со симболично засадување дрвни садници во едно од најаридните подрачја на државата, се најави подготовката на Законот за заштита на почвата во Северна Македонија
Со интерактивен настан и демонстрација на иницијативите за климатска акција и образование за животната средина, денес, во Градскиот Парк во Скопје се одбележа првиот ден од пролетта.
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествува на Глобалниот форум за метан 2024 кој од 18-21 март се одржува во Женева, Швајцарија