Средба на Лашкоска со заменик амбасародот на Германија Јан Аксел Фос

Новости
Работна средба со заменик амбасадорот на Германија Н. Е. Јан Аксел Фос.
Средба на Лашкоска со заменик амбасародот на Германија Јан Аксел Фос
12.02.2025

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес оствари работна средба со заменик амбасадорот на Германија Н. Е. Јан Аксел Фос.

 

1

 

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во заштитата на животната средина и за можностите за продлабочување на истата. Се разговараше и за можностите за обезбедување на поддршка од Германија и ЕУ  во настапите на нашата држава на претстоечките меѓународни конференции од областа животна средина и клима.

Заменик министерката Лашкоска го информираше Фос за тековните активности и идните планови на Министерството за животната средина и просторно планирање.

Submitted by alfa4 on 12.02.2025 - 14:06