
Првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон на која се дискутираа приоритетите на новата Влада.

„Обединетото Кралство, како една од најголемите и најважните сили во светот, отсекогаш играла клучна улога во промовирањето на мирот, стабилноста и економскиот развој на глобално ниво, како и во нашата земја. Нашата соработка со Обединетото Кралство претставува огромна можност за напредок во многу области, вклучително и животната средина, економијата и европската интеграција“ истакна Меџити.
На средбата беше најавена поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање како координатор на Кластер 4, и нов импулс во однос на подигање на Зелената агенда во политичката агенда, како и во координација на засегнатите ресори вклучени во имплементација на ЕУ регулативата.