Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Новости
Преземање на функцијата Министер за животна средина и просторно планирање
Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
24.06.2024
Досегашната министерка Каја Шукова ја предаде должноста на новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата. Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага и спроведува политики за подобрување на животната средина, како и квалитетот на животот на граѓаните, како апсолутен приоритет и дека во овој предизвик Владата ќе биде заедно со граѓаните и граѓанскиот сектор за секоја иницијатива која за цел го има општото добро.

Галерија
Submitted by alfa4 on 24.06.2024 - 10:00