Активности

26.11.2019

На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Никола Јакимовски, Соработник администратор од одделението за ИТ, кој беше активно вклучен во процесот на електронско известување и развојот на националните системи за мониторинг и известување на податоци за квалитет на воздух кон Европската агенција за животна средина .
На работната сесија беше констатирано дека податоците за квалитет на воздух редовно се доставуваат согласно утврдениот протокол и рамката за споделување на податоци од областа на животната средина. Со употреба на информатичката технологија воспоставени се линкови за известување и на податоците за квалитет на воздух во реално време од нашата земја како и за останати годишни податоци во електронски формат.