Oбука за имплементација на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ)

Активности
31.10.2018
PRTR_MadridВо периодот 10.09.2018 до 14.09.2018 година во Мадрид Шпанија, се одржи практична обука за имплементација на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи. Студиската посета се организираше во рамките на проектот „Јакнење на капацитети за развој на национален регистар на испуштање и пренос на загадувачи во Македонија и Молдавија, со помош од SAICAM. Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите на претставниците од Македонија, заради ефикасно следење и придонесување кон имплементацијата на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи , известување према Европската агенција за животна средина како и унапредување и усогласување на националните извештаи за состојбата и перспективата на животната средина. На состанокот се презентираа методологиите и алатките кои се користени од Шпанија за иммпелетација на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи со што претставниците на Македонија добија вовед во методологиите на изработка на извештаите по РИПЗ, како и совети за ефикасно исполнување на меѓународните и националните обврски. На овој состанок како претставници од МИЦЖС присустуваа адмминистративните службеници, Аземине Шакири -национален контакт за спроведување на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи до секретаријатот на УНЕЦЕ, Ивица Тасиќ помлад соработник за водење и одржување на катастар на загадувачи на води и Никола Јакимовски – соработник администратор во ИТ одделение.
Submitted by almin on 31.10.2018 - 13:24