02-03.10.2017 – Учество на 14-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина

Активности
27.10.2017
1Во периодот од 02 до 03.10.2017 година во Рим, Италија, се одржа 14-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). Согласно дневниот ред се дискутираше за подготовката на индикаторите за климатски промени, енергија и биолошка разновидност, се со цел да се подобри квалитетот на индикаторите. Од страна на претставниците на UNEP и Европската агенција за животна средина имаше презентации кои се однесуваа на процесот на развивање, организација и зајакнување на капацитетите за заедничкиот информативен систем за животната средина-SEIS, со фокус на конкретната апликација која треба да се пополни од стана на земјите. На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која имаше презентација за политиките на земјата за климатски промени и подготвените индикатори за климатски промени и енергија. Исто така, Катерина Николовска, имаше презентација за пополнување на апликацијата, како земја пилот вклучена од страна на UNECE за користење на апликацијата за процена на статусот на имплементација на SEIS во земјите.
Submitted by almin on 27.10.2017 - 08:44