Во периодот од 29 до 31 октомври 2014 година во Атина, Грција, се одржа редовен годишен состанок на работната група за комуникации, во организација на EEA.
На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше Катерина Николовска - Раководителот на одделението за аналитика и известување, одговорна за подготовка на делот за Македонија во SOER 2015.
На состанокот се дискутираше за начинот на презентирање на SOER 2015 на национално ниво и во Европскиот парламент. Од страна на претставниците од ЕЕА беа претставени активностите кои треба да ги превземат земјите во периодот пред објавувањето на извештајот и временската рамка на активностите за промоција на SOER 2015 во змјите. Исто така, на состанокот се дискутираше околу разработка на алатките за презентација и промиција.