Во деновите од 20 до 24 октомври 2014 година во Виена, Австрија, се одржа студиска посета за размена на информации и знаења во врска со иформативен систем за управување со отпад. Студиската посета беше организирана преку програмата за техничка подршка и размена на информации-TAIEX,управувана од Директоратот за проширување на Европската комисија.
Имено студиската посета во голема мера беше посветена на размена на знаења и искуства во врска со воспоставување и управување на информативен систем за управување со отпадот, градење на соодветна легислатива за имплементирање на системот, соодветно делегирање на обврски и задолженија помеѓу носителите на активности во областа на отпадот. Понатаму решавања на нејаснотии и проблеми кои се појавуваат при соодветна класификација на отпадот, соодветна валидација на податоците, собирање на податоци од разнични текови на отпадот, вклучително и електричниот и електронскиот отпад итн. На студиската посета учествуваа Ана Каранфилова-Мазневска, раководител во Секторот за отпад, м-р Маргарета Цветковска, советник за собирање, анализа и презентација на податоци и информации за отпад во Македонски информативен центар за животна средина, како и Арта Шабани, помлад соработник во Секторот за отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.