(22-23.04.2013) Во организација на Европската агенција за животна средина, во Копенхаген, Данска се одржа работен состанок за изработка на извештаи за состојбата на животната средина.
На состанокот беа дадени насоки за воспоставување инвентар за изготвените извештаи на национално ниво SERIS (Заеднички информативен систем за извештаи за животна средина на Европа). Воспоставување на директна врска помеѓу Европските и националните извештаи за животна средина и употребата на индикаторите за животна средина при изработката на извештаите за животна средина.
Особено важно за земјите беше објаснувањето и дадените насоките на земјите за изработка на Извештајот за состојбата со животната средина на Европа SOER 2015, во однос на содржината, структурата и процесот на подготовка на извештајот, во делот C, каде што треба да се објасни состојбата со животната средина на национално ниво.
Презентирани беа достигнувањата во проектот SENSE 2, во кој учествуваше Македонија и активности за спроведување на SENSE 3 фазата.
На овој состанок како претсавник од Македонија учествуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување.