Работилница на тема “Барања на Директивата 2000/14/ЕЦ на Европскиот Парламент и Комисија

Активности
18.04.2012
(17-18.04.2012) Министерството за животна средина и просторно планирање со помош на TAIEX инструментот на ЕУ за помош и зајакнување на капацитетите на администрацијата на земјите кандидати и потенцијални земји кандидати за ЕУ одржа Работилница на тема“Барања на Директивата 2000/14/ЕЦ на Европскиот Парламент и Комисија од 8 Мај 2000 година која се однесува на усогласување на законодавството кое се однесува на бучавата во животната средина предизвикана од опрема која се употребува на отворено”. На работилницата присуствуваа претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, други релевантни институции и претставници на ЕЛС. Претставници од неколку земји на ЕУ ги презентираа своите искуства во однос на оваа проблематика. Во прилог е презентацијата на Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која присуствуваше на работилницата како претставник на Македонскиот информативен центар за животна средина.
Submitted by almin on 18.04.2012 - 08:05