GLOBE

Глобално учење и откривање во полза на животната средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

ШТО е GLOBE?

Global Learning and Observations to Benefit the Environment

Глобално учење и откривање во полза на животната средина

GLOBE е светска научна и образовна програма, која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина.

GLOBE има создадено меѓународна мрежа на ученици од основно и средно образование за проучување на проблемите на животната средина, изведувајќи разни мерења во средината и разменувајќи корисни податоци за животната средина меѓу себе, како и со меѓународната научна заедница.

GLOBE програмата беше иницирана во 1994 година од страна на американскиот потпредседател Ал Гор и званично отпочна на 22 април 1995 година на 25 годишнината на Денот на Земјата.

GLOBE претставува меѓународно партнерство во кое се инволвирани земји од целиот свет. Програмата ја води Владата на САД преку партнерства со други земји. Во програмата досега се вклучени повеќе од 100 земји со над 10 000 училишта.

GLOBE во Македонија

 

Цели на GLOBE се:

  • Да се зголеми свеста за животната средина на поединците во целиот свет.
  • Да се придонесе кон научното разбирање на Земјата.
  • Да им се помогне на учениците насекаде да постигнат повисоки стандарди во науката и математиката.

 

GLOBE развива чувство за науката, математиката и напредната технологија меѓу младите луѓе. Учениците вршат извонредно значајна научна работа и непосредно ги гледаат резултатите од своите проучувања.

 

Главни области на истражување

  • Атмосфера
  • Земјина покривка
  • Вода
  • Почва
  • Фенологија
  • GLOBE ноќе

 

Силата на GLOBE е во партнерството

  • Учениците вршат директни експерименти кои имаат вистинско научно значење. Тие учат како нивните локални откритија, заедно со оние на други ученици и научници од целиот свет, ја дополнуваат сликата за животната средина на земјината топка.
  • Наставниците во целиот свет ги упатуваат учениците како да вршат мерења, им помагаат на учениците да го разберат значењето на нивните набљудувања и ја објаснуваат важноста на глобалните визуализации (глобалната свест).
  • Научниците и учениците ги анализираат податоците во врска со информациите добиени од други извори. Проучувањата на животната средина во рамките на GLOBE помагаат за остварување на подобро разбирање на Земјата.
  • Нациите од целиот свет ги вклучуваат своите учлишта во GLOBE со цел да ја зголемат глобалната еколошка свест и глобалното собирање на податоци.
  • Организациите и програмите кои го поддржуваат еколошкото образование и научните активности се здружуваат во заеднички заложби со GLOBE.

“GLOBE претставува возбудлива можност за учениците да стекнат поголема свест за еколошките предизвици со кои се соочува планетата и за добивање на вредни научни податоци кои не би можеле да се соберат на друг начин”.
  - Сали К. Рајд, Астронаут

“Учениците на GLOBE се млади научници, десетици илјади кои учат за Планетата Земја… а потоа не учат нас”.
  - Потпретседателот на САД, Ал Гор

Статус на проект
Тековен
Сектор одговорен за спроведување
Сектор Македонски информативен центар за животна средина