Општа цел
Намалување на негативните ефекти од несоодветното управување со отпадни води и мил во поголемите агломерации на Северна Македонија (над 10.000 ЕЖ)
Посебни цели (резултати)
- Да ја потврди оправданоста на средствата од ИПА искористени за помош во развојот на инфраструктурни проекти за отпадни води за да и помогне на С. Македонија да ги достигне целите на ЕУ политиката за отпадни води (Резултат 1).
- Да го подобри управувањето со системот за урбани отпадни води во одбраните агломерации (Резултат 2)
Продукт 1 на Резултат 1: Ревизии на изведби на системите за урбани отпадни води кои добија помош за развој на инфраструкурите од ИПА 1 – по една за секоја агломерација (вкупно 6);
Продукт 2 на Резултат 1: Системски ревизии на ЈКП кои ќе ги управуваат инфраструктурите изградени или реновирани од ИПА 2 и ИПА 3 средствата - по една за секоја агломерација (вкупно 6);
Продукт 3 на Резултат 1: Финансиски ревизии на сите ЈКП операции (вкупно 2);
Продукт 4 на Резултат 1: Оперативни и финансиски планови за реструктуирање (вкупно 6);
Продукт 1 на Резултат 2: Извештаи за критичност на опремата - по еден за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 8);
Продукт 2 на Резултат 2: Енергетски ревизии – по една за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 6);
Продукт 3 на Резултат 2: Приоритетен инвестициски план;
Продукт 4 на Резултат 2: Студија на пазарот за одбраната опрема;
Продукт 5 на Резултат 2: Соодветни технички спецификации на одбраната опрема;
Продукт 6 на Резултат 2: Рамка за политика на енергетска ефикасност на ЈКП воспоставена или унапредена – по една за секое претпријатие за отпадни води (вкупно 6);
Продукт 7 на Резултат 2: 3 – дневнa обука за енергетски менаџери.