Развоj на информативен систем за мониторинг на животна средина

Национален информативен систем за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот
  • Целосно функционален Национален информативен систем за животна срединаспособен да го поддржува мониторингот, обработката, известувањето и ширењето на податоците за животната средина;
  • Развивање на интегрирана национална мрежа за мониторинг на животната средина за исполнување на националните и меѓународните барања за известување, додека се обезбедат високо квалитетни, споредливи и релевантни информации за состојбата на животната средина;
  • Зајакнување на административниот капацитет за спроведување и одржување на Национален информативен систем за животна средина и Национална мрежа за мониторинг на животната средина;
  • Зголемување на транспарентноста на јавните институции преку олеснување на пристапот до информации и развој на координиран пристап за информирање на јавниот сектор.
Проектни компоненти-резултати

Развиен, инсталиран и тестиран Национален информативен систем за животна средина;

    Национална стратегија за мониторинг на животната средина и Акционен план, поткрепени со претходно изготвена Национална програма за мониторинг на животната средина

    Административниот капацитет на информатичкиот систем за животна средина и за набљудување, дополнително засилен преку краткорочна програма за обука
     

    Развиени процедури за дисеминација на информации за животната средина и пристап до информации

    Тип на проект
    Договор за услуги
    Вредност на проектот
    1.369.050 eur
    Датум на започнување
    Датум на завршување
    Статус на проект
    Завршен
    Корисници на проектот
    Министерство за животна средина и просторно планирање
    Краен корисник
    Министерство за финансии
    Министерството за здравство и нејзината институција за јавно здравје во рамките на Министерството за здравство
    Министерство за локална самоуправа;
    Министерство за информатичко општество и администрација;
    Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
    Хидрометеоролошки завод и хидро-биолошки институт Охрид;
    Државен инспекторат за животна средина;
    Агенција за катастар на недвижности;
    Државен завод за статистика;
    Деловни здруженија (на пр. Стопанска комора, Здружение на пакувачи и Здружение на оператори со секундарни суровини).
    Изведувачи
    Particip GmbH (DE)
    Сектор одговорен за спроведување
    Сектор Македонски информативен центар за животна средина