
Општа цел
Подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух преку изготвување на релевантни документи и законодавство во согласност со правото на ЕУ, зајакнување на административните капацитети за нивна имплементација и на тој начин обезбедување на потребните услови за преземање мерки во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.
Посебни цели (резултати)
Помош во подготовката на новата правна рамка за квалитетот на воздухот и подготовката на националните плански документи, во проценката на релевантните загадувачи на воздухот, како и испорака на обуки на надлежните органи на централно и локално ниво за правилно спроведување на законодавството за квалитет на воздухот
Продукт 1 на Резултат 1:
Подготовка на законодавството за квалитетот на воздухот усогласено со барањата на правото на ЕУ;
Продукт 2 на Резултат 1:
Зајакнување на административните капацитети за инвентар на емисии, моделирање, мониторинг и проценка на квалитетот на воздухот;
Продукт 3 на Резултат 1:
Подготовка на плански документи за подобрување на квалитетот на воздухот.