Со овој индикатор се следaт стапките на рециклирање на отпад од пакување по вид на материјал односно напредокот во остварување на националните цели за рециклирање. Со овој индикатор исто така се следи и напредокот во остварување на целите на одржливото управување со отпадот.
Процент (%)
Колкав е процент на рециклирање на пакување по вид на пакување и дали е постигната националната цел?
Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2023, се забележува позитивен тренд на зголемување на стапката на рециклирање на поедини материјали од пакување, како на пример хартија и картон 93,06%, стакло со 51,02%, метал(железни метали и обоени метали) 80%, пластика со 40,82% и дрво со 20,34% во 2023 година.
Од ова може да се види дека Стапката за рециклирање согласно новите цели препишани од новиот закон за 2021 година и тоа најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување, а целите се исполнети пред предвидениот рок само за хартија и картон, додека за останатите видови стапката за рециклирање на отпад од пакување како што се: пластика, стакло, метал и дрво сеуште се далеку од целта но истите се стремат кон постигнување.
Графикон 1. Тренд на рециклирање на отпад од пакување по вид на пакување
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
*Количините се од колективни постапувачи, самостојни постапувачи и мали производители
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето кои треба да ги исполнува пакувањето при производство, пуштање на пазар и постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на пакувањето, барањата за собирање, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакување, известувањето и економските инструменти за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на отпадот од пакување.
Од горенаведениот графикон може да се види илустрација на Стапките на рециклирање (%) на различни материјали од пакување (стакло, пластика, хартија и картон, метал, дрво и композитни материјали) кои бележат позитивен тренд на рециклирање во период од 2011 до 2023 година. Од графиконот се гледа дека најрециклиран отпад од пакување се хартија и картон кои во 2023 година изнесува 93,06%, потоа следат метали (железни метали и обоени метали) со 80%, стакло со 51,02%, пластика со 40,82% и дрво со 20,34%.
Од ова може да се види дека Стапката за рециклирање согласно новите цели препишани од новиот закон за 2021 година и тоа најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување, а целите се исполнети пред предвидениот рок согласно расположивите податоци само за хартија и картон со 93,06%, додека за останатите видови стапката за рециклирање на отпад од пакување како што се: пластика, стакло, метал и дрво сеуште се далеку од целта но истите се стремат кон постигнување.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Стапките на рециклирање на поедини видови на пакување се следат согласно Правилникот за начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување.
- Недоследност на методологијата
Поради тоа што не сите прозводители на пакување ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи, би можело количината на пакување пуштена на пазар да биде и поголема а со тоа и количината на рециклирање би можела да биде и поголема а со тоа истапките на рециклирање на поедините видови на пакување.
Исто така напоменуваме дека податоците се од колективни постапувачи, самостојни и мали производители кои доставиле извештаи до МЖСПП.
*Согласно новиот закон треба да произлезаат и нови подаконски акти.
Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување (сл.весник бр.215)
Согласно националните цели од новиот закон од став (4) точка:
2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;
3) до крајот на 2021 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија треба да се рециклира;
4) до крајот на 2021 година следниве количества на материjали од кои се произведува пакувањето треба да се рециклираат:
– 40% од тежината за стакло,
– 70% од тежината за хартија и картон,
– 50% од тежината за железни метали,
– 10% од тежината на обоени метали,
– 25% според тежината за пластика, со тоа што се зема предвид само материјалот кој е рециклиран назад во пластика,
– 20% според тежината за дрво,
5) најдоцна до 31 декември 2030 година минимум 65% од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира;
6) најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 50% пластика,
– 25% дрво,
– 70% железни метали,
– 50% алуминиум,
– 70% стакло,
– 75% хартија и картон,
7) најдоцна до 31 декември 2035 година минимум 70 % од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира и
8) најдоцна до 31 декември 2035 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:
– 55% пластика,
– 30% дрво,
– 80% железни метали,
– 60% алуминиум;
– 75% стакло и
– 85% хартија и картон.
- EUROSTAT
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 104 Стапка на рециклирање на отпад од пакување по вид на пакување | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 168- Recycling rates for packaging waste (Eurostat_ten00063) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 12, Responsable consumtion and production | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |