МК НИ 102 Отпад од електрична и електронска опрема

75
МК НИ 102
Отпад од електрична и електронска опрема
Дефиниција

Овој индикатор ни ја претставува електричната и електронска опрема (ЕЕО) која е пуштена на пазар и отпадот од електрична и електронска опрема (ОЕЕО) која е собрана и третирана. Целта на овој индикатор е да ја прикаже количината на ЕЕО која се наоѓа на пазарот и количината која по истек на својот животен век оди на понатамошен соодветен третман. Исто така со овој индикатор се прикажани и по категории на ЕЕО пуштена на пазар и собрана отпадна ЕЕО. 

Единици
  • Илјади тони (t), процент (%), Килограм на човек (kg/жител).
Клучно прашање за политиката

Колкава е количината на ЕЕО пуштена на пазар, собрана и преработена? Колкав е уделот по категории на EEO пуштена опрема на пазар? 

Клучна порака

Електричниот и електронски отпад во Северна Македонија има официјални податоци од 2015 до 2023 година и од нив може да се види дека има позитивен пораст. 

Во 2023 година по категории најголем дел на опремата пуштена на пазар е во делот на голема опрема со 46%, па опрема за температурна размена со 35%, со голема разлика од 3% следи мала информатичко-комуникациска технологија и телекомуникациска опрема.

Еден од предлозите за подобрување на податоците е да се подобрат и ажурираат Правилниците кои произлегуваат од законот за ЕЕО со што ќе се подобри начинот на собирање податоци како и начинот за нивното известување. Во 2021 година беше донесен нов закон за отпадна електрична и електронска опрема кој е усогласен со европската директива и таму се поставуваат нови национални цели и за кои сеуште се чекаат правилниците за методолошката пресметка.

 

Графикон 1. Вкупни количини на ЕЕО по години во тони

Вкупни количини на ЕЕО по години во тони

 

 

 

 

Графикон 3. Пуштена опрема на пазар по категории за 2023 година

Пуштена опрема на пазар по категории за 2023 година

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишните извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи до МЖСПП, Државен завод за статистика.

Оценка

Преку следење на текот на отпадот од ЕЕО може да се следат навиките и побарувачката за ЕЕ добра на потрошувачите. Исто така преку следење на отпадот од ЕЕО по истек на неговиот животен век може да се подобри целокупното управување со отпадот и да се придонесе кон кружната економија преку подобрување на неговото собирање, третман и рециклирање. Од приложените податоци може да се заклучи дека има пораст на опрема која е пуштена на пазарот, но исто така и пораст на собрана и преработена отпадна опрема.

Според обврските кои произлегуваат од Законот за ОЕЕО производителите се должни да остварат: бесплатно собирање на отпадната опрема од домаќинствата којашто трговците ја преземаат од крајните корисници, бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата која во рамките на одвоено собрани фракции на комунален отпад ја собира овластениот собирач, предавање на собрана отпадна опрема во собирните места, во инсталациите за третман, преработка и отстранување на остатоците од преработка и информирање на крајните корисници за погоре наведеното.

Производителите можат овие обврски да ги остваруваат самостојно или пак преку склучување на посебен договор со колективен постапувач кој ќе биде овластен во нивно име и за нивна сметка.

Електричниот и електронски отпад во Северна Македонија од 2015 до 2023 година има позитивен пораст и тоа за 1,58%. Вкупно пуштена опрема на пазар 2023 година изнесува  18.527,53 тони, собрани се 6.758,37 тони што е за 25% повеќе од 2015 година кога истата собрана количина изнесувала 272,06 тони.
Количината која е рециклирана(вклучително и подготвена за повторна употреба) и преработена за 2023 година изнесува 5.689,41 тони истотака зголемена за 23% во однос на 2015 година кога истата изнесувала 250,72 тони.  

Во 2023 година по категории најголем дел на опремата пуштена на пазар е во делот на голема опрема со 46%, па опрема за температурна размена со 35%, 10% мала опрема, а со голема разлика од 3% следи мала информатичко-комуникациска технологија и телекомуникациска опрема. 
На 3-ти август 2021 година се донесе нов закон за отпадна електрична и електронска опрема, кој е усогласен со европската директива (CELEX бр. 32012L0019). Во новиот закон сега се менува и бројот на категории на ЕЕ опрема и од постоечките 10 сега се намалуваат на 6. Тие се:


1)    Категорија 1 - Опрема за температурна размена;
2)    Категорија 2 - Екрани, монитори и опрема која има екрани со површина поголема од 100 cm2;
3)    Категорија 3 - Светилки;
4)    Категорија 4 - Голема опрема;
5)    Категорија 5 - Мала опрема;
6)    Категорија 6 - Мала информатичко -комуникациска технологија и телекомуникациска опрема;


Во новиот закон зацртаната фиксна цел од 4 килограми собрана отпадна ЕЕ опрема по жител е заменета со нови национални цели за кои методологијата за нивната пресметка треба да ја пропише министерот кој раководи со органот за животна средина.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Изработката на податоци е врз база на годишните извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи според Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. Се користи и Листа на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема. Понатаму се собираат и делат на проценти спрема категориите.

  • Недоследност на методологијата

Напоменуваме дека прикажаните количини се однесуваат само на количините со кои постапуваат колективните постапувачи и можно е во оптег да има и поголеми количини, кои потекнуваат од самостојните постапувачи. Во однос на поднесените извештаи сеуште фали унифицирано прикажување на податоците по пат на правилници кои ќе се однесуваат конкретно само за отпадот од електрична и електронска опрема. Исто така недостасува и прилагодување и повторно ревидирање на целите кои би соодвествувале со нашите потрошувачки навики.

Цели

Општи цели се намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје и унапредување на стандардите за животна средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници во текот на животниот циклус на производите, а особено при третманот, преработката и отстранувањето на ОЕЕО.

Новите национални цели донесени на 3ти август 2021 за собирање на отпадна опрема од просечната маса на опремата пуштена на пазарот во претходните три години се:

  • во 2022 година – 25%,
  • во 2023 година – 30%,
  • во 2024 година – 35%,
  • во 2025 година – 40%,
  • во 2026 година – 45%,
  • во 2027 година – 55%,
  • во 2028 година – 65%.

Од 1 јануари 2028 година производителот е должен, за одделно собраната отпадна опрема да ги постигне најмалку следниве цели за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадната опрема по категориите на опремаи тоа:

1)      за отпадна опрема која спаѓа во Категориите 1, 3и 4

– 85 % се преработува и

– 80 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;

2)      за отпадна опрема која спаѓа во Категоријата 2 од

– 80 % се преработува и

– 70 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;

3)      за отпадна опрема која спаѓа во Категориите 5 и6

– 75 % се преработува и

– 55 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;

4)      за отпадна опрема која спаѓа во Категоријата 3 од

– 80 % се рециклира

Обврска за известување
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Економија на ресурси, Кружна економија
Код на индикаторот MK НИ 102 Временска покриеност 2015-2023
Име на индикаторот Отпад од електрична и електронска опрема Извор на податоци Годишни извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи до МЖСПП, Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 02.09.2024
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 102 Отпад од електрична и електронска опрема EEA – Европска агенција за животна средина CSI 052 Waste electrical and electronic equipments
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа I3/117 Waste reuse and recycling
Каталог на индикатори за животна средина 164. Recycling rate of e-waste
SDG – Цели за одржлив развој 12. Ensure sustainable consumption and production patterns
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
21.11.2022