МК – НИ 093 Очекувана должина на животот при раѓање

4
МК – НИ 093
Очекувана должина на животот при раѓање
Дефиниција

Индикаторот го прикажува очекуваниот век на живот дефиниран како просечен број години што им остануваат да ги одживеат на лицата при раѓање, врз основа на влијанието што ќе го има моменталната стапка на морталитет врз нивниот живот (веројатност за смрт на одредена возраст). Подaтоците се пресметуваат како просек од три години и се однесуваат на средната година во референтниот период.

Единици
  • Број на години
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на очекуваната должина на живот при раѓање на населението според пол?

Клучна порака

Податоците за 2020 година покажуваат дека просечниот очекуван век на живеење изнесува 74,57 години, што претставува пораст за 2,2% во однос на 2000 година. Жените (76,77 години), имаат поголем очекуван век на живот од мажите (72,41 година) во 2020 година. Споредбено во периодот од 2000 до 2020 година, просечно жените живеат подолго од мажите за 4,3 години.

За да се зголеми очекуваната должина на живот на населението потребно е унапредување на политиките на земјата во повеќе сектори, здравство, животна средина, социјална и економска политика.

 

График 1. Очекувана должина на животот при раѓање, по полCSI 093 OcekuvanaDolzinaZivot MK 2022

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Очекуваниот век на живот во Република Северна Македонија бележи благ, но континуиран порастдо 2018 година. Во 2019 и 2020 година има благ пад во однос на 2018 година од 0,7% и 2,3% соодветно, што може да е резултат на некоја од наведените причини подолу. Податоците за 2020 година покажуваат дека просечниот очекуван век на живеење изнесува 74,57 години, што претставува пораст за 2,2% во однос на 2000 година. Жените, во разгледуваниот период имаат поголем очекуван век на живот, кој се движи од 75,2 години во 2000, до 78,3 години во 2018 година. Мажите, во разгледуваниот период имаат помал очекуван век на живот, кој се движи од 70,8 години во 2000 година до 74,4 година во 2018 година. Споредбено во периодот од 2000 до 2020 година, жените просечно живеат подолго од мажите за 4,3 години.

Индикаторот за очекуваната должина на живот при раѓање го покажува напредокот кон SDG 3 за добро здравје и благосостојба. На должината на животот при раѓање влијаат следните фактори: репродуктивното здравје на мајките и децата; заразни, незаразни и ментални заболувања; злоупотреба на дрога, алкохол и тутун; како и фактори на ризик по здравјето во животната средина (сообраќајни несреќи, хемикалии, загадување на воздух, вода, почва и друго).

За да се намали ризикот за здравјето и животот на населението, а со тоа да се зголеми животниот век, главен предуслов е унапредување на здравствената политика и во насока на подобра здравствена заштита на секој поединец. Особено е значајно да се намалат нееднаквостите меѓу регионите, во смисла на дарување на здравствени услуги. Покрај тоа, треба да се изнајдат решенија за унапредување на квалитетот на животната средина со интегрирање на политиката за заштита на животната средина во социјалните и економските политики на земјата.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се преземени од МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика и се анализирани според барањата во дефиницијата на индикаторот.

Цели

Зголемување на животниот век на населението.

Општи мета-податоци
Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ093 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Очекувана должина на животот при раѓање Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
K.Nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 093 Очекувана должина на животот при раѓање

 

 

EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3, Eurostat sdg_03_10 Life expectancy at birth by sex
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не