МК - НИ 091 Густина на население

2
МК - НИ 091
Густина на население
Дефиниција

Индикаторот покажува број на жители што живеат на еден км2 според проценетиот број на население на 31.12 во тековната годнина на целата територија на земјата и по статистички региони.

Единици
  • Број на жители на еден км2 и процент (%) на население
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот во густината на населението во Република Северна Македонја и како тоа се одразува на рамномерен регионален развој на земјата?

Клучна порака

Следејќи го постојаниот тренд на зголемување на бројот население, густината на населението во државата во периодот од 2002 до 2020 година, бележи тренд на зголемување од 2,2%. Но, со последниот спроведен попис од 2021 година се добиваат пореални бројки и просечната густина на населението сега изнесува 71.4 жители на km2. Со тоа се бележи пад од 9,2% во однос на 2002 година.

Гледано по статистички региони, дистрибуцијата на населението покажува изразита несразмерност, односно согласно податоците најгусто населен е Скопскиот регион со 323,4 жители на км2, a најретко населен е Вардарскиот регион со 33,2 жители на км2.

Поради интензивните миграциски движења, на пониско територијално ниво забележливи се големи разлики во однос на густината на населението. Регионите што имаат повеќе градски населби и помали миграциски движења покажуваат погуста населеност, додека регионите со повеќе рурални општини и зголемена стапка на миграција се многу поретко населени.

График 1. Густина на население на km2, врз основа на проценетиот број на население на 31.12, по годиниCSI 091 GustinaNaselenie MK 2022_g1

 

 

График 2. Густина на население на km2, врз основа на проценетиот број на население на 31.12, по статистички региони, по годиниCSI 091 GustinaNaselenie MK 2022_g2

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Следејќи го постојаниот тренд на зголемување на бројот население, густината на населението во државата во периодот од 2002 до 2020 година, бележи тренд на зголемување од 2,2%. Но, со последниот спроведен попис од 2021 година се добиваат пореални бројки и просечната густина на населението сега изнесува 71.4 жители на km2. Со тоа се бележи пад од 9,2% во однос на 2002 година.

Земено спорeдбено пак со претходната година (2020) каде просечната густина на населението изнесувала 80,5 жители на км2 сега во 2021 имаме пад од 11,2%.

Гледано по статистички региони, дистрибуцијата на населението покажува изразита несразмерност, односно согласно податоците најгусто населен е Скопскиот, a најретко населен е Вардарскиот регион.

Во Скопскиот регион густината на населението изнесува 323,4 жители на км2 т.е. 33,5% од вкупното население во земјата живее во овој регион. По него следи Полошкиот регион со 100,9 жител на км2, додека Вардарскиот регион, има најмала густина на населеност од 33,2 жители на км2.

Поради интензивните миграциски движења, на пониско територијално ниво забележливи се големи разлики во однос на густината на населението. Општините што имаат градска населба покажуваат погуста населеност, додека чисто руралните општини се многу поретко населени.

Методологија

Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се преземени од МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика и се анализирани според барањата во дефиницијата на индикаторот.

Цели

Во согласност со Стратегијата за демографски политики на Република Македонија 2015-2024 година, главна стратешка цел е подобрување на постојните демографски трендови во Република Северна Македонија, преку спроведување на долгорочни политики и подрачја на делување, кои директно и индиректно ќе влијаат на демографскиот развој во земјата.

Општи мета-податоци
Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ 091 Временска покриеност 2002-2021
Име на индикаторот Густина на население Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 21.06.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 091 Густина на население   EEA - Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG - Цели за одржлив развој со сите цели
GGI - Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
22.11.2022