МК НИ 082 Изградба на нови живеалишта по региони

76
МК НИ 082
Изградба на нови живеалишта по региони
Дефиниција

Индикаторот го претставува вкупниот број на завршени станови, број на завршени станови по статистички региони и бројот на завршени станови на 1000 жители по статистички региони и вкупно.

Единици
  • Вкупен број, број на 1000 жители, процент (%).
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на изградба на нови станови и во кој регион притисокот врз животната средина е најголем?

Клучна порака

Бројот на завршени станови на 1000 жители, во разгледуваниот период, на ниво на Република Северна Македонија има променлив тренд на растење и опаѓање. Најголем број на станови 3,4 на 1000 жители, биле завршени во 2022 година, а најмал 2 на 1000 жители во 2020 година. Драстичниот пад од 33% во 2020 година во однос на 2019 најверојатно се должи на неизвесната економија во време на Ковид-19 пандемијата. Целокупниот тренд е променлив со остри пикови.
Разгледувано на ниво на статистички региони, во периодот од 2006 до 2023 година имаме најголем пораст на број на станови на 1000 жители се завршени во Југоисточниот регион регион или пораст од 111,6%.
Пораст на бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2023 година во однос на 2006 има и во Вардарски регион од 82,9%, Источен регион 57,3% и Скопскиот регион од 32,6%. 
Во Полошкиот регион бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2006 година е најголем во целата земја и изнесува 7,3 за во 2023 година да биде само 3,4 што во однос на 2006 година претставува значителен пад од 53%. Исто така, голем пад на бројот на завршени станови на 1000 жители во 2023 година во однос на 2006 година има во Вардарскиот регион (45%) и во Полошкиот регион (28%). 
Порастот на завршени станови укажува дека во Скопскиот регион има најголем притисок врз животната средина во насока на ширење на населените места со што се предизвикува притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина. Спротивно на претходно кажаното, падот на бројот на завршени станови може да е последица на зголемена миграција на населението во останатите региони во кои има значителен пораст, особено во Скопскиот регион или миграција на населението во други земји. 
Исто така причина за падот во рок од една година може да биде во голем дел и од пандемијата предизивикана од Ковид-19 со која многу економски активности запреа или се доведоа на минимум.

 

График 1. Вкупен број на завршени станови на 1000 жители

 

 

График 2. Број на завршени станови на 1000 жители по статистички региони

 

 

График 3. Удел на завршени станови по статистички региони во вкупно завршените станови во земјата, по години

 

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Бројот на завршени станови на 1000 жители, во разгледуваниот период, на ниво на Република Северна Македонија има променлив тренд на растење и опаѓање. Најголем број на станови 3,4 на 1000 жители, биле завршени во 2022 година, а најмал 2 на 1000 жители во 2020 година. Драстичниот пад од 33% во 2020 година во однос на претходната година најверојатно се должи на неизвесната економија во време на Ковид-19 пандемијата. Во 2023 бројот на станови е 3,1, што е за 8,7% понизок од претходната година.
Разгледувано на ниво на статистички региони, бројот на завршени станови на 1000 жители, во периодот од 2006 до 2023 година ни покажува дека најголем број станови на 1000 жители се завршени во Скопскиот регион и се движи помеѓу 2,4 во 2020 година и 5,7 во 2019 и во 2021 година. Со ова се гледа закрепнување од ковид-19 кризата и се забележува најголем раст од 133% во однос на 2020. Во 2023 година бројот на завшено станови во овој регион е зголемен во однос на 2026 година за 33%, додека во однос на претходната година е намален за 3,1%.
Генералниот пораст на завршени станови укажува дека во Скопскиот регион има најголем притисок врз животната средина во насока на ширење на населените места со што се предизвикува притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина. 
Разгледувано на ниво на статистички региони, во периодот од 2006 до 2022 година имаме постојан тренд каде најголем број станови на 1000 жители се завршени во Скопскиот регион .до 2020 година. Во оваа година падот се должи на COVID пандемијата. Во 2022 и 2023 година има намалување споредбено со 2021 година, што може да се должи на презаситеноста на пазарот и зголемената надворешна миграција.
Пораст на бројот на завршени станови на 1000 жители, 2023 година во однос на 2006 има во Вардарски регион од 82,9%, Источен регион 57,3%  и Југоисточниот Скопскиот регион од 112%. Во Полошкиот регион бројот на завршени станови на 1000 жители, во 2006 година е најголем во целата земја и изнесува 7,3 за во 2023 година да биде само 3,4 што во однос на 2006 година претставува значителен пад од 53%. Исто така, голем пад на бројот на завршени станови на 1000 жители во однос на 2006 има во Североисточен регион од исто 53%.
Ваквите големи падови на бројот на завршени станови може да се последица на зголемена миграција на населението во останатите региони во кои има значителен пораст, особено во Скопскиот регион или миграција во други држави. Исто така причина за падот може да биде во голем дел и од пандемијата предизивикана од Ковид-19 со која многу економски активности запреа или се доведоа на минимум. 
Уделот на завршени станови по статистички региони во вкупно завршените станови во земјата, покажува дека разгледувано по години, Скопскиот регион има тренд на покачување на уделот од 28,2% во 2006, до 43,1% во 2023 година, додека најголем удел во вкупниот број на завршени станови во земјата во сите региони е зебележан во овој регион во 2021 од 57,8%. После Скопскиот, следува Полошкиот регион со голем удел во вкупниот број на завршени станови, но во овој регион има тренд на опаѓање кој се движи од 35,1% во 2006 година, на 15% во 2021 година.
Најмал удел во вкупниот број на станови има Вардарскиот регион и се движи помеѓу 1,9% и 7,1%.

Методологија

Податоците се земени од базата на податоци на Државниот завод за статистика, од секторот Градежништво и се однесуваат на завршени станови во објекти за домување градени  од деловни субјекти кои се занимаваат со градежна дејност и во индивидуална режија.
Завршен стан е оној на кој се завршени сите предвидени градежни, занаетчиски и инсталатерски работи, без оглед на тоа дали зградата во која се наоѓа станот е приклучена или не е приклучена на комуналната мрежа. 
Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината како и податоците од последниот попис во 2021.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување
  • Нема обврска за известување
Општи мета-податоци
Тема Домаќинства Поврзаност со други теми/сектори Социо-економски промени, Воздух, Почва и користење на земјиште, Отпад, Домаќинства,Бучава, Урбанизам
Код на индикаторот MK НИ082 Временска покриеност 2006-2023
Име на индикаторот Изградба на нови живеалишта по региони Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С, П Датум на последна верзија 31.07.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 082 Изградба на нови живеалишта по региони EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3, Good health and well beeng
11, Sustainable cities and communities
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не