Индикаторот го прикажува процентот на население кое смета дека е изложено на бучава, без оглед на изворот на бучава (од непосредното соседство, индустријата или сообраќајот).
- Процент на население:
– вкупно
– под 60% од медијалниот национален еквивалентен приход и
– над 60% од медијалниот национален еквивалентен приход
Каков е трендот на процентот на население кое смета дека е изложено на бучава во животната средина и тоа го смета за проблем?
Врз основа на податоците во разгледуваниот период се забележува тренд на опаѓање на вкупниот процент од 13,1% во 2010 на 7,5% во 2020, што претставува пад од 42,7% на вкупниот процент на население кое смета дека е изложено на бучава, но споредено со претходната 2019 година, каде вкупниот процент изнесува 7,3% има пораст од 2,7%.
Кога се разгледува поединечно, според статусот на сиромаштија, се забележува дека проблемот е поизразен кај богатата популација, освен во 2014 и 2018 година, што најверојатно се должи на помал праг на толеранција. Кај богатата популација трендот на опаѓање во разгледуваниот период изнесува 44,4%, а кај сиромашната популација 39,7%.
За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.
График 1. Население кое страда од бучава од сосдството или од улицата
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, Анкета за приходи и услови за живеење
Долготрајна изложеност на постојани или високи нивоа на бучава има негативни влијанија врз здравјето на луѓето. Врз основа на студии направени од страна на Институтот за јавно здравје, најчесто како последица на зголемено ниво на бучава кај населението се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност, оштетување на слухот, висок крвен притисок, кардиоваскуларни проблеми и влијание врз психофизичката состојба.
Светската здравствена организација бучавата од сообраќајот ја смета за втор најштетен фактор на стрес, веднаш зад загадувањето на воздухот од PM честички. Исто така Европската агенција за животна средина бучавата од патниот транспорт, во или вон урбаните средини, ја смета за доминантен извор на бучава кој влијае на човековото здравје.
Врз основа на податоците во разгледуваниот период се забележува тренд на опаѓање на вкупниот процент од 13,1% во 2010 на 7,5% во 2020, што претставува пад од 42,7% на вкупниот процент на население кое смета дека е изложено на бучава, но споредено со претходната 2019 година, каде вкупниот процент изнесува 7,3% има пораст од 2,7%.
Кога се разгледува поединечно, според статусот на сиромаштија, се забележува дека проблемот е поизразен кај богатата популација, освен во 2014 и 2018 година, што најверојатно се должи на помал праг на толеранција. Кај богатата популација трендот на опаѓање во разгледуваниот период изнесува 44,4%, односно од 13,3% во 2010, паднал на 7,4% во 2020 година. Причина за овој пад исто така може да биде преземање на мерки и активности за спречување или намалување на бучавата со зголемена употреба на изолациони материјали во живеалиштата (ѕидови, врати, прозорци).
Трендот на опаѓање во разгледуваниот период кај сиромашната популација изнесува 39,7%, односно од 12,6% во 2010, паднал на 7,6% во 2020 година, што најверојатно се должи на поголем праг на толеранција.
Пресметката на индикаторот се прави врз основа на субјективно изјаснување на членовите на домаќинствата интервјуирани во анкетата за приходи и услови на живеење. Од анкетата добиени се информации за нивото на бучава на која се изложени без оглед дали тоа доаѓа од соседите, индустријата или сообраќајот. Индикаторот ги зема во предвид изложеноста на бучава, но и прагот на толеранција, односно нивото кое населението го смета за прифатливо. Од тие причини зголемувањето на вредноста на индикаторот не мора да значи зголемена бучава доколку е намален прагот на толеранција. Перцепцијата на поединците за квалитетот на животната средина не секогаш е конзистентен со оценката добиена со примена на “објективни” индикатори, особено за бучавата.
Општите национални цели се пропишани во Законот за заштита од бучава во животната средина и се однесуваат на:
- создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,
- преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата,
- преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната од блиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,
- отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина и
- обезбедување на основа за развивање на мерки за намалување на бучавата што ја емитуваат поголемите извори, особено патните, железничките и водните превозни средства и инфраструктура, воздухопловите, опремата што се користи на отворен простор и во индустријата, како и мобилните механички средства за работа.
Во Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина се дефинирани граничните вредности за ниво на бучава во животната средина предизвикана од различни извори диференцирани според степенот на заштита од бучава определени со Правилникот за локациите на мерните станици и мерните места.
EUROSTAT
МК НИ 076 Население во домаќинства кои сметаат дека страдаат од бучава, според статусот на сиромаштија | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 139 – Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status | |
SDG – Цели за одржлив развој | 11 – Eurostat sdg_11_20 Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |