Трошоци за заштита на животната средина е индикатор кој се состои од вкупни инвестиции и вкупните тековни трошоци. Тековен трошок е збирот од внатрешни тековни трошоци, плус надоместоци и други плаќања за услуги за заштита на животната средина.
Трошоците за заштита на животната средина покажуваат колку е инвестирано во реконструкција и купување технологии и опрема за заштита на животната средина, и колку било потрошено за одржување и функционирање на овие технологии и опрема. Исто така, трошоците за заштита на животната средина содржат надоместоци и плаќања за услуги за заштита на животната средина (пр., собирање отпад, управување со отпадни води, консултации за животна средина).
- Илјада денари
Дали инвестициите и трошењето на активности наменети за заштита, намалување и елиминирање на загадувањето или друго деградирање на животната средина можат да придонесат општеството да одговори на грижите за животната средина и како се финансирани тие?
Во периодот од 2013 до 2015 година инвестициите за заштита на животната средина бележат опаѓање.Пораст е забележан во 2016 и 2017 година. Во 2018 година најмногу е инвестирано во подрачјето на управување со отпад.Значителен пад од 88,8% во инвестициите, во 2020 годинаво однос на 2018 година, има во подрачјето управување-постапување со отпад, што влијае на вкупниот пад на инвестиции во 2020 година и изнесува 53,4%. Во 2021 година најголем пад во однос на 2020 година има во областите Заштита на биодиверзитетот и природата (161,7% )и Заштита од бучава (162,3%), исто така пад за 49 пати има во областа Активности за истражување и развој.
Од клучно значење е да се зголеми инвестирањето и трошењето за активности и средства за заштита на животната средина, со цел да се минимизираат негативните последици од процесите и активностите поврзани со работењето на деловните субјекти особено индустријата и однесувањето на луѓето.
График 1.Вкупни инвестиции за заштита на животната средина
График 2. Инвестиции за заштита на животната средина по сектори
График 3. Вкупни трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина
График 4: Трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина по сектори
График 5: Учество на инвестициите и трошоците за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители во вкупните трошоци, 2021
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Јавноста се повеќе станува свесна за потребата од заштита на животната средина од загадување и отпад. Денес заштитата на животната средина е интегрирана во сите политички полиња со општа цел да се обезбеди одржлив развој. Сите активности неизбежно влијаат на животната средина до одреден степен што значи дека сите сектори во економијата имаат специфична улога во целокупните напори да се минимизираат негативните последици: владини агенции и локални власти, компании вклучени во индустриски и други деловни активности, бизниси кои произведуваат услуги за животната средина (како што е собирање и постапување со отпад), и домаќинства како потрошувачи.
Намената на статистичкото истражување за трошоци за заштита на животната средина е да одговори на следните три прашања:
- Колку плаќаат резидентните единици – производители или потрошувачи – и во каква форма за заштита на животната средина?
- До колкав обем овој трошок е финансиран од различни институционални сектори?
- Колкава е вредноста на услугите за заштита на животната средина произведени од различни економски активности?
Во периодот од 2013 до 2015 година, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина покажуваат тренд на намалување. Во 2017и 2018година е забележано нивно зголемување, како резултат на инвестирање и трошење на активности поврзани со заштита на животната средина во подрачјето управување-постапување со отпад. Значителен пад од 88,8% во инвестициите, во 2020 годинаво однос на 2018 година, има во подрачјето управување-постапување со отпад, што влијае на вкупниот пад на инвестиции во 2020 година и изнесува 53,4%. Во 2021 година најголем пад во однос на 2020 година има во областите Заштита на биодиверзитетот и природата (161,7% )и Заштита од бучава (162,3%), исто така пад за 49 пати има во областа Активности за истражување и развој.
Споредбената анализа на податоците за 2013 и 2014 година покажува дека вкупните инвестиции и трошоци за заштита на животната средина во 2014 година се пониски во однос на 2013 година, за 12,3%. Трендот на намалување продолжува и во 2015 година, односно во вкупните инвестиции и трошоци за заштита на животната средина учеството на инвестициите во 2015 година е 37,9 % споредено со 2014 година каде соодветното учество е 44,5%, додека учеството на трошоците во 2015 година е незначително зголемено, односно 62,1% во споредба со 55,5% во 2014 година. Во 2021 година учеството на инвестициите во вкупните трошоци е 45,8% додека учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци е 54,2%.
Во 2017и 2018 година најмногу средства се инвестирани за постапување со отпад додека во 2015 и 2014година за циркулациски систем за снабдување со вода. Во однос на трошоците за одржување на средствата за заштита на животната средина, според намената, во сите години се направени се најголеми трошоци за управување со отпад.
Гледано по сектори на економска активност, учеството на трошоците за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители во 2021година изнесува 55,29 % (2018-83,9%) додека во останатите сектори е 44,71% (2018-16,1%). Во 2021 година во индустријата и специјализираните производители, гледано по намена, најголеми се трошоците за постапување со отпади изнесуваат2.335.591 илјади денари. Овие трошоци во споредба со 2020 година, кога изнесувале1.594.094 илјади денари, сезголемени. Во останатите сектори,во 2021 година, најголеми се трошоците за управување со отпадни води, 1.875.596илјади денари, а најмали се трошоците за Активности за истражување и развој, 289 илјади денари.
Односот меѓу трошоците за заштита на животната средина и бруто домашниот производ е важен индикатор за заштита на животната средина во однос на целокупната економска активност. Во 2016 и 2017 година учеството на трошоците за заштита на животната средина во вкупниот БДП изнесува 1,6%, по што следи намалување до 2021 година кога уделот изнесува 1%.
Методологија
- OECD/EUROSTAT
МК НИ 067 Трошоци за заштита на животната средина | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 89 – Shares of environmental and labour taxes in total tax revenues | |
SDG – Цели за одржлив развој | 17 – 17.50 Share of environmental taxes in total tax revenues |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |