МК НИ 066 Постапување со создаден медицински отпад

73
МК НИ 066
Постапување со создаден медицински отпад
Дефиниција

Индикаторот го прикажува постаувањето со количината на создаден медицински отпад, по видови. Со овој индикатор се следи остварувањето на стратешките целите и тоа, избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создаден медицински отпад, спречување на негативните влијанија и висок степен на заштита на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето.

Единици
  • Тони/годишно
Клучно прашање за политиката

Каква е состојбата со постапувањето според видот и количината на медицински отпад во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во периодот од 2010 година до 2023 година се забележува зголемување на количината на создаден медицински отпад за 5 пати. Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот. 

Според доставените извештаи за 2023 година за понатамошно постапување со медицински отпад, количината на медицински отпад предаден на други лица изнесува 1.004,90 тони. Количина од 19,36 тони течен отпад автоматски е третиран од самите создавачи. Најголем дел од пријавената количина припаѓа на инфективниот отпад (18 01 03*) со 962,44 тони, потоа следат острите предмети (освен 18 01 03)  со 46,71 тони, отпад чие собирање и отстранување не е предмет на специјални барања за заштита од инфекции ( на пр. облека, завои од гипс, облека за еднократна употреба, платно, пелени и тн.) со 10,08 тони, делови од човечко тело и органи вклучувајќи вреќички и  шишиња со крв (освен 18 01 03) со 2,07 тони. 

 

График 1: Вкупна количина на создаден медицински отпад во период од 2010 до 2023 година

Вкупна количина на создаден медицински отпад во период од 2010 до 2023 година

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање.

Оценка

Количината на создадениот медицински отпад во периодот од 2010 до 2023 година постепено се зголемува. Согласно доставените податоци количината на пријавениот создаден медицински отпад за 2023 година изнесува 1.041,38 тони, споредбено со 2010 година, каде количината на создадениот медицински отпад изнесувала 195,6 тони, количината на создаден отпад се зголемила за 5 пати.

Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот.

Според доставените извештаи за 2023 година за понатамошно постапување со медицински отпад, количината на медицински отпад предаден на други лица изнесува 1.004,90 тони. Количина од 19,36 тони течен отпад автоматски е третиран од самите создавачи. Најголем дел од пријавената количина припаѓа на инфективниот отпад (18 01 03*) со 962,44 тони, потоа следат острите предмети (освен 18 01 03)  со 46,71 тони, отпад чие собирање и отстранување не е предмет на специјални барања за заштита од инфекции ( на пр. облека, завои од гипс, облека за еднократна употреба, платно, пелени и тн.) со 10,08 тони, делови од човечко тело и органи вклучувајќи вреќички и  шишиња со крв (освен 18 01 03) со 2,07 тони. 
Медицинскиот отпад кој е предаден на други лица според доставените извештаи е соодветно третиран и неутрализиран. 

Исто така, треба да се нагласи дека прикажаните количини на отпад не претставуваат и вкупни количини на создаден медицински отпад на ниво на Република Северна Македонија.
 

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Видовите на отпад се одредуваат според Листата на видови на отпад 2005. Собирањето на податоци е преку Годишните извештаи на деловните субјекти кои создаваат медицински отпад и ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање.

  • Недоследност на методологија

Податоците за постапување со медицински отпад се добиваат само од правни и физички лица кои создаваат опасен медицински отпад, поради тоа не сите создавачи на медицински отпад доставуваат годишни извештаии до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Цели
  • Избегнување и, во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад;
  • Отстранување на отпадот, на начин што е прифатлив за животната средина и
  • Висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.
Обврска за известување
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Здравство
Код на индикаторот MK НИ 066 Временска покриеност 2010-2023
Име на индикаторот Постапување со создаден медицински отпад Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 21.08.2024
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 066 Постапување со создаден медицински отпад EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 12, Sustainable consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
13.12.2022