Овој индикатор го дефинира бројот на моторни возила расчленети според видот на патното моторното возило (патнички автомобили, автобуси, камиони, мотоцикли, работни возила, влечни возила и трактори) и типот на горивото (бензин, нафта, мешавина, бензин-гас, електрична енергија) на републичко ниво.
- процент (%).
Колкаво е учеството на патни моторни возила според видот на гориво, во вкупниот број на патни моторни возила според видот на возилата?
Емисиите на загадувачките супстанции потекнуваат од скоро сите економски и општествени активности, а особено емисиите од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии во воздухот. Користењето на алтернативни извори на енергија, обновливи извори, биогоривото и природниот гас се примарни процеси за подобрување на квалитетот на воздухот.
Користењето на бензин од автомобилите е најголемо, но со тренд на опаѓање од 30,06% во 2021 година, во однос на 1995 година. За сметка на падот на употребата на бензинот, користењето на нафтата има тренд на зголемување од 2,3% во 1995, на 56,8% во 2021 година. Со оглед на тоа што при согорување на нафтата се испуштаат повисоки емисии на цврсти честички во споредба со согорувањето на бензините, овој тренд на зголемена употреба на дизел горива има штетно влијание врз здравјето на луѓето. Останатите видови на горива со чиста технологија (електрична енергија и гас) имаат многу мал удел од само 2,5% во 2021 година.
Кај останатите видови возила – автобуси, товарни возила, влечни возила, работни возила и трактори, доминантен вид на гориво е нафтата со тренд на зголемување, по која следи бензинот, освен кај мотоциклите кај кои доминантен вид на гориво е бензинот. Останатите видови горива имаат многу мал удел со тенденција на пораст.
График 1. Удел на патничките автомобили според типот на горивото во вкупниот број на патнички автомобили
График 2. Удел на автобусите според типот на горивото во вкупниот број на автобуси
График 3. Удел на камионите според типот на горивото во вкупниот број на камиони
График 4. Удел на влечните возила според типот на горивото во вкупниот број на влечни возила
График 5. Удел на мотоциклите според типот на горивото во вкупниот број на мотоцикли
График 6. Удел на работните возила според типот на горивото во вкупниот број на работни возила
График 7. Удел на тракторите според типот на горивото во вкупниот број на трактори
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, Министерство за внатрешни работи
http://www.stat.gov.mk, http://www.mvr.gov.mk
Емисиите на загадувачките супстанции потекнуваат од скоро сите економски и општествени активности, а особено емисиите од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии на загадувачките супстанции во воздухот. Политиките и стратегиите за намалување на загадувањето во воздухот пред сé се насочени кон намалување на емисиите од сообраќајот (согорување на фосилните горива во возилата). Користењето на алтернативни извори на енергија, обновливи извори, биогоривото и природниот гас се примарни процеси за подобрување на квалитетот на воздухот.
Од податоците во разгледуваниот период користењето на бензин од автомобилите е најголемо, но со тренд на опаѓање. Во 1995 година 97,2% автомобили користеле бензин, додека во 2021 година овој процент паднал на 40,7%. За сметка на падот на употребата на бензинот, користењето на нафтата има тренд на зголемување од 2,3% во 1995 на 56,8% во 2021 година, што не оди во прилог на заштитата на животната средина и намалување на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот. Останатите видови на горива со чиста технологија (електрична енергија и гас) имаат многу мал удел од само 2,5% во 2021 година. Употребата на гасот како погонско гориво од 1995 до 2020 година се зголемила за 1176 пати, додека уделот на користење на електричната енергија како погонско гориво е застапена со занемарливи 0,027% од целокупниот возен парк на патнички автомобили.
Кај останатите видови возила – автобуси, камиони, влечни возила, работни возила и трактори доминантен вид на гориво е нафтата со тренд на зголемување, по која следи бензинот, освен кај мотоциклите кај кои доминантен вид на гориво е бензинот.
Користењето на нафта во категоријата автобуси е зголемено за 35,95% во 2021 година, во споредба со 1995 година, но бележи тренд на намалување, т.е. во 2018 зголемувањето изнесувало 46,63%. Од друга страна користењето на бензинот е помало за 77,50%, што е очекувано со оглед на тоа дека доминираат дизел технологиите на моторите со внатрешно согорување кај патничките и урбаните автобуси во нашата земја. Вредно е да се спомене дека се бележи и еден позитивен тренд на зголемување на бројот на автобуси кои како погонско гориво користат гас од 1,2% во 2018, на 2,0% во 2021 година. Останатите видови горива се многу малку застапени и нивниот удел во вкупната употреба на горива се движи помеѓу 0,1% и 2,0%.
Што се однесува до товарните возила, нафтата како погонско гориво во оваа категорија има скоро константен удел и во целиот разгледуван период се движи помеѓу 67,0% и 85,3%, а истото се однесува и на користењето на бензинот кое се движи помеѓу 13,6% и 30,1%. При тоа во последните години се забележува тренд на зголемување на користењето на дизелот за сметка на помалото користење на бензинот, што е очекувано со оглед на тоа што потешките товарни возила генерално се произведуваат со дизел погонски мотори. Останатите видови горива се многу малку застапени и се движат помеѓу 0,1% и 2,0%.
Кај влечните возила, исто како и кај автобусите, најголема е употребата на нафтата со пораст од 103,02% во 2021 година, а на бензинот има пад од 76,52% во 2021 година, во однос на 1995 година. Останатите видови горива се многу малку застапени и се движат помеѓу 0,01% и 0,6%.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците за показателот се добиваат од бројот на патните моторни возила според видот на гориво и вкупниот број на патни моторни возила според видот на патните моторни возила и се пресметуваат како однос на бројот на патни моторни возила според видот на гориво во однос на вкупниот број на патни моторни возила според видот на возилата (учество). Збирот на учеството (%) од сите видови на патни моторни возила според гориво треба да изнесува 100 (%), во однос на вкупниот број на патни моторни возила според видот на возилата.
Сеопфатна цел на Националната транспортна стратегија е да се развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во системот на ТЕН-Т мрежите, што го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.
Меѓународни:
- Eurostat
Национални:
- Статистики на транспорт – годишно
МК НИ 054 Патни моторни возила според видот на горивото | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-141, TERM 032 Size of the vehicle fleet in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | H3 Composition of road motor vehicle fleet by fuel type | |
Каталог на индикатори за животна средина | 163 Size of the vehicle fleet | |
SDG – Цели за одржлив развој | 9, Industry, innovation and infrastructure 11, Sustainable cities and communities |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |