МК НИ 050-4 Емисија на основни загадувачки супстанци – NH3 – Емисија на амонијак

15
МК НИ 050-4
Емисија на основни загадувачки супстанци – NH3 – Емисија на амонијак
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на амонијакот.

Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите на амонијак во воздухот по подсектори во клучниот сектор Земјоделство.

Единици
  • kt/година (килотони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на амонијакот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на NH3 изнесуваат 15.8 килотони. Во 2020 година емисиите изнесуваат 8.5 kt и се намалени за 46% споредено со 1990 година што претставува изразеннапредок во намалувањето на вкупните емисии на NH3.

Најголемо учество во вкупните емисии има NFR категоријата3 – Земјоделство со годишен удел од најмалку 85% во целиот период 1990-2020 година, додека во 2020 овој удел изнесува 90%.

Намалените емисии на амонијак во 2020 година произлегуваат од намалениот број на одгледуван добиток, намалени земјоделски површини и намалена примена на вештачки ѓубрива, заради зголемената миграција село-град.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на амонијак?

Главен извор на емисии на NH3 во 2020 година е NFRкатегоријата 3 – Земјоделство со удел од 90%. Категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален и административни капацитети), учествува со удел од само 7% додека останатите NFRкатегории незначително учествуваат во вкупните емисии на амонијак.

Оценка

Максимална вредност на вкупни национални емисии на NH3 има во 1990 година и тие изнесуваа 15.8 kt. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 8.5 kt и во однос на 1990 година се намалени за 46%, додека во однос на 2019 година се намалени за 1%. Трендот на вкупните емисии на амонијак е прикажан на следниот графикон.

 

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на NH3 во периодот 1990-2020 годинаCSI 050 NH3 2022 MK_g1

 

Во целиот период 1990-2020 година се забележува генерално континуиран благ опаѓачки тренд, со одредени помали флуктуации (зголемувања) во одредени години, на вкупните годишни емисии на NH3. Ова се должи на намалениот број на одгледуван добиток, намалени земјоделски површини и намалена примена на вештачки ѓубрива.

Дека најголем удел во вкупните емисии на амонијак во 2020 година има NFRкатегоријата 3Земјоделство може да се види од следниот графички приказ.

 

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на NH3 по NFRкатегории во 2020 годинаCSI 050 NH3 2022 MK_g2

 

 

NFR категоријата 3 Земјоделство е клучен извор на емисија на амонијак во целиот прегледен период 1990-2020 година со удел од над 85% во текот на целиот период (92% во 1990 година, додека во 2020 година 90%). Со цел да се утврди уделот на подкатегориите во категоријата 3 Земјоделство,даден е преглед за емисиите на амонијак во целиот период по NFR подкатегории.

 

Графикон 3.  Eмисии на NH3 oд NFR категоријата земјоделство по подкатегории на годишно ниво во периодот 1990-2020CSI 050 NH3 2022 MK_g3

 

 

Најголем удел во вкупните емисии на амонијак имаат подкатегориите: одгледување млечни крави (24.3% во 2020 година), урина депозитирана од тревопасни животни (13,6% во 2020 година), употреба на ѓубриво од животни (22.4% во 2020 година). Состојбата е слична и во претходните неколку години, додека во 1990 година поголем е уделот од урина депозитирана од тревопасни животни (20%), додека уделот на одгледуваните млечни крави учествува со 14%, што произлегува од поголемиот број на вкупно одгледувани тревопасни животни во минатото.

Кај NFR категоријата, 1.А.4 – Други сектори учеството во вкупните емисии на NH3 и во 1990 година и во 2020 учествува со удел од 7%,. Во 2020 година во однос на 1990 година емисиите се редуцирани за 50% , а во споредба со 2019 година се зголемени за 2%. Причината за ова во NFR категорија 1.А.4 – Други сектори е согорувањето на фосилни горива од страна на домаќинствата, комерцијалните и административни објекти, пред се дрва, и трендот на емисиите на NH3 од оваа NFR категорија го следи трендот на потрошувачка на дрва во земјата од страна на домаќинствата, комерцијалните и административните објекти.

Со цел пак да се утврди дали е постигната целта за оваа загадувачка супстанца согласно националното законодавство и меѓународните договори даден е приказ на емисиите на амонијак во последните три години споредбено со националната граница-плафон.

Графикон 4. Споредба на националните емисии на NH3 во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 годинаCSI 050 NH3 2022 MK_g4

 

Според прикажаните годишни пресметани емисии на амонијак, нашата земја е во согласност со националната граница-плафон за амонијак од 12kt, наведена во националното законодавство за 2010 година согласно директивата 2001/81/ЕC и во Анекс II од Гетеборшкиот протокол во однос на оваа загадувачка супстанца.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна:  https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките, но воедно изборот на емисиони фактори е направен врз основа на националните околности во секторот земјоделство во земјава.

  • Извор на користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на NH3 зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на NH3, во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година .
  • национална граница – плафон за емисиите на NH3 од 12 килотони.
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Отпад, Домаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – Емисија на амонијак (NH3) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 гoдина.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 22.07.2022
Тип A Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Aлександра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 050-4Емисија на основни загадувачки супстанции – амонијак (NH3) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/4 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не