Индикаторот „побарувачка на патнички транспорт“се презентира на два различни начина:
1) За да се измери разграничувањето на побарувачката на патнички транспорт од економскиот раст, се користи волуменот на патничкиот транспорт во однос на БДП. Индикаторот за разграничување се дефинира како однос помеѓу pkm (копнен транспорт) и БДП (бруто-национален производ со константата 2000 година во евра). Во прикажувањето на овој индикатор во Република Северна Македонија се зема како основна година 2000=100.
2) Удел на патничкиот транспорт: Овој индикатор се дефинира како процентуално учество на секој вид транспорт во вкупниот копнен транспорт. Единицата што се користи е патник-км (pkm), што претставува превезен патник на растојание од еден километар. Тука спаѓа транспорт со патнички автомобили, градски и меѓуградски автобуси и возови.
Сите податоци треба да се базираат на движења на домашна територија, без разлика од каде доаѓа возилото. Mетодологијата на собирање на податоци треба да биде усогласена на ниво на ЕУ.
Единицата што се користи е патник-км (pkm), што претставува патување на еден патник на далечина од еден километар. Таа вклучува транспорт со патнички автомобили, градски и меѓуградски автобуси и возови.
Побарувачката на патнички транспорт и БДП се прикажани како индекс во однос на 2000=100.
Дали превозот на патници во патниот транспорт е намален во однос на другите видови транспорт?
Дали побарувачката на патнички транспорт е разграничена од економскиот раст?
Вкупната побарувачка на патнички транспорт во разгледуваниот период пораснала за 53,73%.Учеството на патниот транспорт во вкупниот патнички транспорт изнесува 99,8% во 2020 година, што претставува пораст од 61,88% во однос на 1990 година, додека на железничкиот транспорт изнесува 0,2% во 2020 година, што претставува пад од 14,2 пати во однос на 1990 година.
Учеството на приватните возила во вкупниот патнички транспорт е најголемо. Во 2020 година има удел од 93,6% и истовремено претставува најголем удел во разгледуваниот период. Зголемената побарувачка на автомобили директно влијае на структурата на патничкиот копнен сообраќај, негативно се одразува на животната средина и здравјето, особено што со голем број возила се превезуваат мал број патници. Податоците за учеството на патничките возила и патен јавен транспорт во градовите се проценети.
Побарувачката на патнички транспорт по глава на жител била најмала во 2006 година, 2.690 km, а најголема во 2019 година 5.679 km.
График 1. Патнички километри на поедини видови патнички транспорт во вкупниот патничкитранспорт
График 2. Учество на поедини видови патнички транспорт во вкупниот патнички транспорт
График 3. Побарувачка на патнички транспорт по глава на жител
График 4. Однос помеѓу вкупна побарувачка на патнички транспорт и БДП
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Вкупната побарувачка на патнички транспорт во разгледуваниот период се движи помеѓу 5.492 и 11.793 патнички километри, а во разгледуваниот период пораснала за 53,73%.Учеството на патниот транспорт во вкупниот патнички транспорт изнесува 99,8% во 2020 година, што претставува пораст од 61,88% во однос на 1990 година, додека на железничкиот транспорт изнесува 0,2% во 2020 година, што претставува пад од 14,2 пати во однос на 1990 година.
Учеството на патничките возила и такси превозот во вкупниот патнички транспорт е најголемо. Во 2020година има удел од 93,6% и истовремено претставува најголем удел во разгледуваниот период. Најмал удел од 57,7% има во 1990 година. Во периодот од 2000 до 2006 година има тренд на опаѓање од 20,59%, по што до 2019година следи тренд на покачување од 154,60%. Ова покажува дека за намалување на загадувањето на животната средина потребно е процентот на уделот на патничките возила и такси превозот во вкупниот патнички транспорт да се намали за сметка на останатите видови транспорт. Со ова би се избегнало и поголемо трошење на скапо течно гориво кое при процесот на согорување ја загадува животната средина.
Градскиот и приградскиот превоз во градовите, во целиот разгледуван период, има тренд на намалување и за 2020 година изнесува 3%, што е најмал процент забележан во разгледуваниот период од 1990 година. Ова можеби се должи на COVID – 19 рестрикциите за движење и патување.
Истото се рефлектира и кај меѓуградскиот и меѓународниот превоз, кој во разгледуваниот период бележи променлив тренд, но значитално е намален во 2020 година. Најголемо намалување, за14,2 пати, во однос на 1990, се забележува кај железничкиот транспорт во 2020 година, што значи дека овој вид на транспорт многу малку се користи, но големо влијание има и COVID – 19 рестрикциите за движење и патување.
Побарувачката на патнички транспорт по глава на жител била најмала во 2006 година, 2.690 km, а најголема во 2019 година 5.679 km.
Трендот на односот на патнички километри и БДП во периодот од 2000 до 2020 година главно се намалува. Тој се индексира со годината 2000=100 со цел да се следат промените во интензитетот на побарувачката на патнички транспорт во однос на економскиот раст прикажан преку БДП.
- Методологија за пресметка на индикаторот
За да се измери разграничувањето на побарувачката на патнички транспорт oд економскиот раст, се пресметува волуменот (т.е. интензитетот) на патничкиот транспорт во однос на БДП. Релативно разграничување се појавува кога побарувачката на патничкиот транспорт расте со стапка помала од онаа на БДП. Апсолутно разграничување се појавува кога побарувачката на патнички транспорт паѓа додека БДП расте или останува константен.
Единица мерка е патник-км (pkm) што претставува превезен патник на растојание од еден километар.
Земјите-членки на ЕУ во согласност со Регулативата за податоци за патниот транспорт и Регулативата на (EC) No 91/2003 за статистики во железничкиот транспорт се базираат на сите движења на патничкиот транспорт на националната територија.
- Извор на користена методологија
– Структурни индикатори на Еуростат за транспорт
– Државен завод за статистика
- Методолошка несигурност
Сите податоци се засноваат на движењата на државната територија, без оглед на тоа од која држава е возилото. Mетодологијата на собирање на податоци е усогласена на ниво на ЕУ, но за потребите за пресметување на индикаторите се користени проценети податоци за автомобилскиот патнички сообраќаj. Извори се EUROSTAT, Националните служби за статистика, ECMT, UNECE, UIC, DGTREN.
За да се одговори на прашањето дали побарувачката на патници се разграничува oд економскиот раст, се разгледува интензитетот на патничкиот транспорт во однос на промените во реалниот БДП.
- Несигурност на групите податоци
За целосна слика на побарувачката за транспорт и на соодветните проблеми во животната средина, би било многу корисно податоците да се дополнат со податоци за бројот на возило-километри.
Сеопфатна цел на Националната транспортна стратегија е да се развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во системот на ТЕН-Т мрежите, што го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.
Меѓународни:
– Eurostat
Национални:
– Индикатори за животна средина на РСМ – секоја втора година
– Статистики во животната средина – секоја втора година
– Статистички годишник – годишно
– Одржлив развој – годишно
– Статистики на транспорт– годишно
– Индикатори за патнички транспорт на РСМ – секоја втора година
МК НИ 035Побарувачка во патничкиот транспорт | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-465/CSI 056 , TERM 039 – Passenger and freight transport demand |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | H1/92-98 Passenger transport demand | |
Каталог на индикатори за животна средина | 158 – Passenger and freight transport demand | |
SDG – Цели за одржлив развој | 9, Indicator 9.1.2: Passenger and freight volumes, by mode of transport Eurostat sdg_09_50 Share of busses and trains in total passenger transport 11, Sustainable cities and communities |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |