МК НИ 006 Потрошувачка на супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка

30
МК НИ 006
Потрошувачка на супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка
Дефиниција

Супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка (ODSs) се соединенија кои предизвикуваат осиромашување на озонската обвивка. Во оваа група се вклучени CFCs, HCFCs, HВFCsCCl4, халони, метилхлороформ, метилбромид. Генерално, многу се стабилни во тропосферата, а се распаѓаат само под влијание на ултравиолетовото зрачење од сонцето во стратосферата. При распаѓањето се ослободуваат хлорни или бромни атоми кои ги уништуваат молекулите на озон во стратосферата.

Овој индикатор ја покажува потрошувачката на супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка (квантитативно) во Република Северна Македонија.

Единици
  • Потрошувачката на ODSs е изразена во ODP тони, што значи количество во метрички тони (МТ) помножено со потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка (ODP) за секоја супстанца поодделно.
Клучно прашање за политиката

Дали Македонија ги исполнува целите предвидени во Монтреалскиот протокол за редукција и елиминација на ODSs?

Клучна порака

Имајќи го предвид степенот на елиминација на ODSs во Република Северна Македонија може да се каже дека процентот на елиминација на 100%, во разгледуваниот период, зборува за фактот дека нашата земја е многу понапред од обврските кои ги пропишува Протоколот.

 

График 1: Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот (ODP t/год)CSI 006 2022 MK

 

Забелешка: Имајќи го предвид фактот дека во Република Северна Македонија никогаш немало производство на ODSs, во графиконот се вградени податоци само за потрошувачка

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: МЖСПП/Канцеларија за заштита на озонската обвивка

Оценка

Во согласност со податоците од Националната програма за елиминација на ODSs (1996) просечната потрошувачка на ODSs во периодот од 1995 до 1997 година изнесувала 527 тони. Овој просек, во согласност со одредбите на Монтреалскиот протокол, е земен за базичен при одредувањето на степенот на редукција во рамките на рестрикциите од Протоколот.

Може да се забележи тренд на опаѓање на потрошувачката на ODSs, во разгледуваниот период. Покрај елиминацијата на ODSs во индустријата (производство на фрижидери и производство на меки и цврсти пени), каде технологиите, кои пред 1997 година користеа супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка, заменети со non-ODSs решенија, реагирано е и во земјоделството со замена на метилбромидот со алтернативни решенија кои не предвидуваат употреба на ODSs, во сервисирањето и одржувањето на разладните уреди преку воведување на систем за собирање и рециклирање на ODSs. За оваа цел обезбедена е опрема за собирање и рециклирање на ладилни средства во земјата за сервисерите на разладни уреди и истите се обучени за добра пракса во сервисирањето на разладни уреди. Во истиот контекст извршена е и обука на цариници за контрола на увозот-извозот на супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка на граничните премини на Република Северна Македонија.

Националната акција за заштита на озонската обвивка во разгледуваниот период резултира со целосна елиминација на потрошувачката на супстанциите од Анексите А, Б, Ц (Група II) од Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка. Последната група на супстанции чија елиминација сеуште се спроведува е елиминацијата на HCFCs (хлорофлуоројаглеводороди). Во табелата подолу е дадена компарација на обврската за редукција и елиминација на овие супстанции и фактичката потрошувачка.

 

Година 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Дозволена годишна потрочувачка на HCFCs ( ODP тони)    
Основна потрошувачка

 

1.8 ODP тони

1.71 1.62 1.53 1.44 1.35 1.26 1.17 1.08  
Фактичка потрошувачка 0.72 0.57 0.18 0.27 0 0.26 0.64 0.37 0

 

HCFC-супстанциите се под перманентна контрола и мониторинг на МЖСПП/Канцеларија за заштита на озонската обвивка, така што потрошувашената количина е под количината дозволена од националната легислатива (Наредба за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка, „Службен весник на РМ“ бр. 111/21) и одредбите на Монтреалскиот протокол.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот го покажува количеството на потрошени ODSs. До вредноста е дојдено кога вредноста на потрошеното количество изразено во метрички тони е мултиплицирано со потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка (ODP). Во следната табела дадени се вредностите на ODP за супстанците кои наоѓаат примена во Северна Македонија и чија потрошувачка се редуцира или контролира. Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларијата за заштита на озонската обвивка располага со податоци за потрошувачката како во метрички, така и во ODP тони.

 

ODSs CFC-11 CFC-12 CFC-113 CFC-114 CFC-115 CFC-111 CCl4 Halon 1211 Halon 1301 HCFC-22 HCFC-141b Метилбромид
Вредност на ODP 1 1 0,8 1 0,6 1 1,1 3
Цели

Со ратификацијата на Монтреалскиот протокол и неговите амандмани Република Северна Македонија ги презеде сите обврски кои произлегуваат од овој документ. Во согласност со обврските кои произлегуваат од него, временската рамка за елиминација на ODSs е следната:

Монтреалски протокол Контролирани супстанци кои се користат во Република Македонија Обврски на Република Македонија (како земја класифицирана во член 5 од Монтреалскиот протокол)
Анекс Група
A I CFC-11
CFC-12
CFC-115
База: Просек од потрошувачката во 1995-1997
Замрзнување : 1 јули 1999
50% редукција : 1 јануари 2005
85% редукција : 1 јануари 2007
100% редукција : 1 јануари 2010
II Халон-1211
Халон-1301
Халон-2402
База: Просек од потрошувачката во 1995-1997
Замрзнување : 1 јануари 2002
50% редукција : 1 јануари 2005
С I HCFC-22
HCFC-141b
База: Потрошувачка во 2009-2010
Замрзнување : 1 јануари 2013
10% редукција : 1 јануари 2015
35% редукција : 1 јануари 2020
67,5% редукција : 1 јануари 2025
97,5% редукција : 1 јануари 2030
100% редукција : 1 јануари 2040
Е I Метилбромид База: Просек од потрошувачката во 1995-1998
Замрзнување : 1 јануари 2005
100% редукција : 1 јануари 2015
Обврска за известување
  • UNEP-Секретаријат за заштита на озонската обвивка
  • Мултилатерален фонд на Монтреалскиот протокол
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Климатски промени Поврзаност со други теми/сектори Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 006 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 09.09.2022
Тип Г Подготвено/ажурирано од: Емилија Ќупева Неделкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
Cupeva-Nedelkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 006Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот EEA – Европска агенција за животна средина IND-3/CLIM 049 Production and consumption of ozone-depleting substances
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A3/19-25
Consumption of ozone-depleting substances
Каталог на индикатори за животна средина 44 – Production and consumption of ozone-depleting substances
SDG – Цели за одржлив развој 13, Climate Action

 

 

GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
22.11.2022