МК НИ 003 Интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија

29
МК НИ 003
Интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија
Дефиниција

Индикаторот интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија се пресметува како однос помеѓу емисиите на стакленички гасови во секторот енергетика и вкупно потребната енергија. Индикаторот дава приказ колку тони CO-eq на стакленички гасови од секторот енергетика се емитирани по единица потрошена енергија.

Единици
  • индекс 100=2000 година
Клучно прашање за политиката

Што може Република Северна Македонија да направи за да го намали интензитетот на емисии на стакленички гасови од потрошувачка на енергија?

Клучна порака

Во споредба со државите од Европската Унија и соседните земји, емисиите на стакленички гасови во Северна Македонија по единица потрошена енергија се ниски. Изразено како индекс во однос на 2000 година (2000=100%), вредноста на овој индикатор во последните години се движи помеѓу 80% – 90%. За државите од ЕУ овој индикатор се движи помеѓу 90% -100%.

Во зависност од сценариото, анализите покажуваат дека овој индикатор би можел да се намали и до 65% во 2040 година во однос на 2000 година.

 

График 1: Интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија, индекс 100 = 2000 годинаCSI 003 IntenzitetNaEmisii 2022 MK_g1

 

График 2: Интензитетот на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија (WOM, WEM, WAM, e-WAM), индекс 100=2000 годинаCSI 003 IntenzitetNaEmisii 2022 MK_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Трет двогодишен извештај за климатски промени кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (Извештај за националниот инвентар на стакленички гасови – ИЦЕОР-МАНУ, Извештај за ублажување на климатски промени – ИЦЕОР – МАНУ), МЖСПП, UNDP, 2019, www.unfccc.org.mk, www.unfccc.org.mk; Државен завод за статистика

Оценка

Овој индикатор е од големо значење за следење на прогресот кон остварување на целите за одржлив развој 13 и 7 за справување со климатските промени за достапна и чиста енергија за сите. Преку овој идникатор се следи обемот во којшто нискојаглеродните горива, како на пример природниот гас и обновливите извори на енергија, ги заменуваат високојаглеродните горива, како што се лигнитот и другите видови јаглен во производството и потрошувачката на енергија.

Интензитетот на емисиите на стакленички гасови од потрошувачката на енергија се намалил за 21,6 % помеѓу 2000 година и 2016 година. Просечниот годишен пад на долг рок (од 2001 до 2016) изнесува 1,6%, или 1,8% на краток рок (од 2011 до 2016). Овој пад е правопропорционален со намалувањето на емисиите во секторот енергетика.

Република С. Македонија во споредба со другите земји членки на Европска Унија има понизок интензитет на користење на енергија.

Извештајот за ублажување на климатските промени изработен во рамки на Трет двогодишен извештај за климатски промени дефинира мерки за ублажување. Овие мерки се вклучени во Сценариото за ублажување кое уште се нарекува и Сценарио со постојни мерки (With Existing Measures – WEM). Покрај ова, развиено е и Поамбициозно сценарио за ублажување кое покрај постојните мерки вклучува и дополнителни мерки/политики и заради тоа уште се нарекува и Сценарио со дополнителни мерки (With Additional Measures – WAM), како и Проширено сценарио со дополнителни мерки (Extended With Additional Measures – e-WAM).

Во зависност од сценариото, во 2040 индикаторот би се движел помеѓу 35-85%.

Иако секторот енергетика и понатаму доминира во вкупните емисии на стакленички гасови, споредбено со 2016 година, во WAM и e-WAM сценаријата, емисиите во овој сектор се намалуваат за 28,6% и 51,26% во 2040 година, соодветно. Во e-WAM сценариото, интензитетот на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија би се намалил за 65% во 2040 година во споредба со 2000. Во најлош случај, индикаторот би имал речиси иста вредност како во 2014 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за емисиите на стакленички гасови од секторот енергетика се земени од инвентарот на стакленички гасови. Вкупно потребната енергија како податок ја обезбедува Државен завод за статистика и се пресметува на следниот начин: примарно домашно производство + вкупен увоз + салдо на залиха – вкупен извоз. Таа одговара на финалната потрошувачка на енергија зголемена за дистрибутивните загуби, трансформационите загуби и статистичките разлики.

За пресметка на емисиите на стакленички гасови како и GHG-инвентарите се користи методологија дадена од UNFCCC/IPCC- Прирачниците за подготовка на национални инвентари за стакленичлки гасови. Методологијата се базира на преметка на стакленичките гасови како производ од податоците за активност (activity data) за поедини сектори и емисионите фактори.

Во пресметката на Енергетските биланси се користи методологијата „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998“. Енергетските биланси се подготвуваат во согласност со европската Регулатива за енергетска статистика (Регулатива бр.1099/2008) и нејзините измени. За распределбата на финалната потрошувачка на енергентите во Енергетскиот биланс се користи Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008.

За да се процени потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови при примена на одредени мерки и политики, во рамките на TBUR, направено е моделирање на сите сектори кои се составен дел од IPCC методологијата (Енергетика, Индустриски процеси и користење на производи, Земјоделство, шумарство и користење на земјиште и Отпад). Анализите во енергетскиот сектор се направени во моделот MARKAL.

Цели

Во e-WAM сценариото, интензитетот на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија да се намали за 65% во 2040 година во однос на 2000 година.

Обврска за известување
  • UNFCCC
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Климатски промени Поврзаност со други теми/сектори Енергија
Код на индикаторот MK НИ 003 Временска покриеност 2000-2040
Име на индикаторот Интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија Извор на податоци Трет двогодишен извештај за климатски промени кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (Извештај за националниот инвентар на стакленички гасови – ИЦЕОР-МАНУ, Извештај за ублажување на климатски промени – ИЦЕОР – МАНУ), МЖСПП, UNDP, 2019, www.unfccc.org.mk;
Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 01.06.2020
Тип A Подготвено/ажурирано од: Петранка Бончева
Јасмина Пислевиќ
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.boncheva@moepp.gov.mk
j.pislevikj@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 003Интензитет на емисии на стакленички гасови од потрошувачката на енергија EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 35 – Greenhouse gas emissions intensity of energy consumption
SDG – Цели за одржлив развој 13, 13.20 Eurostat
Greenhouse gas emissions intensity of energy consumption
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија да
22.11.2022