Овој индикатор ги следи трендовите на озонските прекурсори: азотни оксиди, јаглеродмоноксид, метан и неметански испарливи органски соединенија, предизвикани од антропогените активности, при што секој прекурсор се мери според својот потенцијал за формирање на тропосферски озон.
Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите по сектори: енергетски индустрии, патен и друг вид на транспорт, индустрија (процеси и енергија), друго (енергија), фугитивни емисии, отпад, земјоделство и друго (неенергетски).
- kt (NMVOC – еквивалент)
Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци прекурсори на озонот во Република Северна Македонија?
Емисиите на прекурсорите на озон во 2022 година во однос на 1990 година се намалени кај азотните оксиди (NOX) за 46%, кај неметанските испарливи органски соединенија (NMVOC) за 53%, јаглерод моноксид (CO) за 63%, а кај метанот (CH4) во однос на 2019 година се забележува пад за 5%.
Редукција на вкупните емисии на прекурсори на озонот се забележува особено во период 2011–2020 година поради намалувањето на емисиите на NOx и CO кои имаат најголем удел во вкупните емисии на прекурсори. Во последните две години се забележува мал поратс на емисии кај NOx заради зголемена употреба на мазут во термоцентралите.
Намалувањето на NOx е како резултат на модернизацијата на РЕК Битола, пониска потрошувачката на јаглен и понискиот капацитет за работа на втората по големина електрана РЕК Осломеј (од 12 на 5 месеци и помалку), што се припишува на ограничени количини јаглен, додека намалувањето на CO е како резултат на намалена потрошувачка на фосилни горива.
Кај метанот се намалени емисиите од секторот енергетика заради намалена примена на фосилни горива и од земјоделие заради намалениот број на одгледуван добиток, шумски пожари и зафатнина на употребливо земјиште, но зголемени се емисиите од отпад заради зголемување на популацијата, потрошувачката моќ и бавната примена на стратегијата и легислативата за отпад.
Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на загадувачките супстанци кои се озонски прекуроси на озонот?
Специфична порака
Во 2020 година вкупните национални емисии на супстанците кои предизвикуваат киселост изнесуваат 19.93 kt за NOx, 49.51kt за CO, 22.33 kt за NMVOC и 61.84 kt за CH4.
Најголемиот дел од вкупните национални емисии има секторот Енергетика, кој учествува преку 22% во емисиите на NOx преку производство на енергија, кај CO, NMVOC и CH4 со учество на емисии од согорувачките процеси во домаќинствата и административните капацитети изнесува 68%, односно 25% кај NМVOC, додека во емисиите на метан со учество од 2%.
За Озонските прекурсори NOx, CO и NMVOC, друг клучен сектор е и Сообраќајот (Патен и не-патен) кој учествува со 40%, 39% и 3.6% соодветно.
Кај емисиите на CH4 клучни сектори се земјоделство, шумарство и употреба на земјиште со 47%, и отпад со 38%. Секторoт Земјоделие има значаен удел и кај NMVOC со удел од 47% соодветно, а Отпадот во вкупните емисии на CO учествува со 38%. Индустриските процеси кои ги вклучуваат и процесите на употреба на растворувачи се клучен извор во емисиите на NMVOC и учествуват со 38%. Фугитивните емисии учествуваат со околу 12% во емисиите на NMVOC
Податоците користени за пресметка на прекурсoрите на озон се преземени од Инвентарот на емисии назагадувачки супстанци во воздухот по дадени сектори, односно дејности, подготвен во период 2021-2022 година за целиот временски период 1990-2020 година.
Инвентаризацијата на метанот како еден од прекурсорите на озон се врши по IPPC методологијата. Во рамките на Третата комуникација кон UNFCCC, подготвен е инвентар на стакленички гасови за период 1990-2020 година и од таму се земени податоците за емисии на метан по сектори.
Од направенате инвентаризација на прекурсорите на озон може да се забележи дека трендот е променлив до 2011 година од кога следува опаѓачки карактер.
Графикон 1. Вкупни емисии на прекурсори на озонот
Промените во количините на емисиите за NOx и CO од секторот сообраќај произлегуваат од промената на потрошените количини на дизел и бензин кај патничките возила. Во овој сектор од година на година се обновува возниот парк, но се зголемува и бројот на користени возила што придонесува да нема значителни намалувања на емисиите од сообраќај. Воедно треба да се потенцира дека методологија на пресметка на емисии на ниво 2 се применува во последните пет години што доведува и до намалување на емисиите на сите загадувачки супстанци. Потребно е повисоко ниво на пресметка да се користи за целиот период со што би се направила пореална оценка за трендот на емисии од секторот сообраќај.
Што се однесува до редукција на емисиите на NOx од енергетскиот сектор со спроведената имплементација на IPPC директивата и воведувањето на најдобри достапни техники во инсталациите за производство на топлински енергија, како и модернизација на постројките за производство на електрична енергија во 2013 година забележано намалување на емисиите на оваа загадувачка супстанца од енергетскиот сектор по 2013 година. Исто така, намалената потрошувачка на јаглен и мазут и намаленото производство на електрична енергија со постоечките енергетски капацитет доведува до намалување на емисиите на загадувачките супстанци кои произлегуваат од овој сектор. Количините на емисии на CO од несогорувачките објекти како домаќинствата најмногу зависи од употребата на дрва за затоплување. Овие емисии се намалуваат во последните години заради намалената потрошувачка на дрва, а зголемена на пелети и природен гас. Се очекува емисиите од овој сектор да се намалуваат и во иднина со зголемена примена на чисти горива, а особено со проширување на мрежата за гасификација.
Директивата 1999/13/EC која се однесува на NMVOC емисии од примена на растворувачи во инсталации и одредени активности е делумно транспонирана (само во однос на граничните вредности) во националното законодавство, a не се воведени шемите за редукција за овие загадувачки супстанци. Од друга страна, транспонирањето на директивите 1994/63/ЕC и 2009/126/EC, кои се однесуваат на емисии од полнење и дистрибуција на бензин до бензинските станици е завршено, и во тек е имплементацијата на Законот за контрола на емисии на испарливи органски соединенија при користење на бензини. Имено, во тек е регистрација на инсталации за складирање, инсталации за полнење и празнење на мобилни контејнери и на бензински станици, согласно донесениот правилник.
Сепак намалувањето на емисиите на NMVOC од спроведување на донесената и планираната регулатива се очекува да се постигне во наредните години.
Кај емисиите од стакленичкиот гас, метан, вкупните емисии се зголемуваат заради раст на емисиите во секторот отпад (најмногу од одлагање на цврстиот отпад) заради трендот на раст на количините на цврст отпад. Емисијата на метан од секторот земјоделие има опаѓачки тренд заради намален број на одгледуван добиток и намалените земјоделски површини. Намалување на емисиите на оваа загадувачка супстанца се очекува со спроведување на Законодавството за отпад.
Уделите на емисиите на озонските прекурсори по сектори и нивната доминација во текот на извештајниот период се прикажани на графиконите со број од 2-5 за секој озонски прекурсор одделно.
Азотни оксиди NOx
Графикон 2. Вкупни емисии на NOx по сектори на годишно ниво
Главен извор на емисии на NOx во 2022 година е NFR категоријата 1.А.3 - Транспорт со удел од 42%, по што следуваат категориите 1.А.1 Производство на енергија и 1.А.2 - Согорување од производни индустрии и градежништво со удели од 28% и 21%, соодветно. NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во вкупните емисии на азотни оксиди учествува со удел од6%, додека останатите категории имаат помал или незначителен удел во вкупните емисии на азотни оксиди.
Јаглерод моноксид (CO)
Графикон 3. Вкупни емисии на СO по сектори на годишно ниво
Главен извор на емисии на CO во 2020 година е NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) со удел од 67%, по што следува NFR категоријата 1.А.3 - Транспорт со удел од 12%. Потоа следуваат категориите 1.А.2 - Согорување во производни индустрии и градежништво) со удел од 8%, 5. Отпад со удел од 7% и 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 4%.
Останатите NFR категории незначително учествуваат во вкупните емисии на јаглерод моноксид
Неметанските испарливи органски соединенија (NMVOCs)
Графикон 4. Вкупни емисии на NMVОC по сектори на годишно ниво
Главен извор на емисии на NMVOCs во 2022 година е NFR категоријата 2 Индустриски процеси со удел од 36%, по што следуваат NFR категориите 1.B - Фугитивни емисии од горива и 1.А.4 Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), со по 21%, додека категориите 3 – Земјоделство, 1.А.3 Транспорт и .А.2 - Согорување во производни индустрии и градежништво учествуваат со удели во вкупните емисии на NMVOCs 13%, 5% и 2%. , и и од. Останатите категории имаат помал удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции во 2022 година.
Метан(CH4)
Графикон 5. Вкупни емисии на CH4 по сектори на годишно ниво
Што се однесува до емисиите на метан овде категоризацијата на емисии е направена во неколку сектора: Енергија, Индустрија, Земјоделство, Шумарство и употреба на природни ресурси и Отпад. Направени се рекалулации и последна година во која се пресметани емисии на загадувачки супстанци во воздухот е 2019. За период 2020-2022 година се очекува инвентарот да биде подготвен во текот на следната година. Во 2019 година клучен е секторот Земјоделство, Шумарство и употреба на природни ресурси со 47% по што следи секторот Отпад со 38%, потоа следат емисии кои произлегуваат од Енергетскиот сектор со 15%. Во целиот прегледен период емисиите од секторот енергетика и земјоделство се намалуваат, а од секторот отпад се покачуваат со што и се зголемува уделот на емисии на метан од овој сектор. Зголемувањето на емисии од секторот отпад е резултат на зголемената популација и бавното спроведување на Стратегијата за отпад.
Во однос пак на постигнатите цели во 2022 година, емисиите на NOx и NMVOC се под националните граници плафони дефинирани во стариот Гетеборшкиот протокол и Правилникот за количините на горните граници-плафоните за 2010 година, во кој е транспонирана директивата 2001/81/EC, под емисиите за базните години 1987 година за NOx (согласно Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување) и 1988 година за NMVOC (согласно Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување).
Воедно постигната е целта за редукција на емисија на NOx од големи согорувачки постројки за 2022 година за оваа загадувачка супстанца.
За емисиите на CH4 и CO во ЕУ нема одредена цел но имплементацијата на одредени директиви и протоколи ќе влијае на нивна натамошна редукција. Воедно метанот е еден од шесте гасови кои се опфатени во рамките на Кјото протоколот, кој нашата земја го има ратификувано во 2004 година.
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Податоците за емисии на NMVOC, CO и NOX како вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR се преземени од следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/, каде се поставени во февруари 2022 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на собирање и пресметка на податоци за емисиите на годишно ниво на ниво на држава на CO, NMVOC,CH4иNOx како вкупно, така и распределени по сектори, односно дејности.
Пресметкитесе во согласност со упатствата на согласно Упатството на ЕМЕП/ЕЕА односно методологијата на инвентаризација како и употреба на SNAP – селективна номенклатура на аерозагадувањето и за CH4 согласно IPCC методологијата. Во однос на овој индикатор, бидејќи треба да се изрази особината за прекурсор на озонот, користени се фактори. Тие се дадени посебно за поедина загадувачка супстанција и тоа за NOx е 1.22, за NMVOC e 1, за CO e 0.11 и за CH4 е 0.014, a резултатите се изразени во килотони еквивалент на NMVOC.
- Извор за користената методологија
Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013,2016 година и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019),https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023.
Во однос на емисиите од секторот производство на енергија и индустрија користени се мерења од инсталациите како и Имплицирани емисиони фактори кои се пресметани врз основа на мерењата.
Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на озонските прекурсори зацртани се следните цели:
1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
- како цел има редовна инвентаризација на јаглерод диоксид CO, Неметански испарливи органски соеднинеија NMVOC, и азотни оксиди изразени како NOx во килотони на година за период 1990- n-2, каде n е тековната година.
2. Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно нивово кој е транспонирана Директива 2001/81/ЕC,воведуваат:
- национална граница – плафон за емисиите на NMVOC од 30 килотони
- национална граница- плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони
3. Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.
4. Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето NMVOC или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:
- емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1988 година.
5. Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), ги воведува следните плафони:
- вкупниот плафон за NOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
- 15505тони за 2018година.
- 14088 тони за 2019 година.
- 12672 тони 2020 година.
- 11255 тони за 2021 година.
- 9838 тони за 2022 година.
- 8422 тони за 2023 година.
- 7674 тони за 2024 година.
- 6927 тони 2025 година.
- 6179 тони за 2026-2027 година.
- Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
- Обврска за известување до Енергетската заедица согласно наведени национални плафони за NOx за период 2018-2027 година согласно Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки
- Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
- Известување за национален инвентар на антропогени емисии од извори и отстранување на на сите стакленички гасови што не се контролирани со протоколот во Монтреал според член 12 (1) (а) од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC)
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 002 Емиисија на озонски прекурсори
|
EEA – Европска агенција за животна средина | IND-5-en Also known as: CSI 001, CSI 001Emissions of ozone precursors |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | A1/2,3,5 – Emissions of pollutants into the atmospheric air | |
Каталог на индикатори за животна средина | 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution 9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added 11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted) |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |