Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

14.10.2024
Скопје, 14.10.2024г. - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.

ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

13.10.2024
Во понеделник, на 14.10.2024, со почеток од 13 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Средба на Лашкоска со Германскиот парламентарен државен секретар д-р Хофман

08.10.2024
08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - По иницијатива на Германското Сојузно Министерство за екологија, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите (BMUV), заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес, на маргините на министерскиот состанок, одржа средба со германскиот парламентарен државен секретар д-р Бетина Хофман.

Информација за достапност на  Студија за ОВЖС

08.10.2024
Информација за достапност на  Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект -  “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ“ и информација за одржување на јавна расправа

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

08.10.2024
08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - Во рамки на Берлинскиот процес и одбележување на неговата 10годишнина, денес во Хамбург се одржа прв годишен Министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

08.10.2024
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес

Меџити: намалување на влијанието од климатските промени, приоритет на владата

07.10.2024
Скопје, 07.10.2024 година Северна Македонија се соочува со сериозни влијанија на климатските промени и има потреба од големи инвестиции за заштита на луѓето и економијата, беше кажано на презентацијата на двата извештаи на Светска банка, одржана денеска во Скопје, едниот за климата, а другиот за јавните финансии, кои се однесуваат на климатските предизвици со кои се соочуваме како земја.

Меџити изврши увид на работите на изградбата на ободниот канал во Арачиново

04.10.2024
Скопје, 04.10.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одблиску ја набљудуваше изградбата на ободниот канал во Арачиново, чија цел е заштита од поплавување на населението и земјиштето, како и подобрување на условите за живот на жителите на  општина Арачиново. 

Меџити на прва средба со новата постојана координаторка на ООН Рита Колумбиа

03.10.2024
Скопје, 03.10.2024г. - Денес, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари прва средба со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбиа.