Лашкоска на средба со директорот на ЈУНП Пелистер
31.01.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски остварија работна средба со директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски, на која присуствуваа и дел од вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЈУНП Пелистер.
Нова епизода на надминат праг на алармирање во Струмица
26.01.2025
(26.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
Дел од општините доставија извештаи од акциите за почист воздух
24.01.2025
24.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“ и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци.
Сообраќајната полиција и МЕБСП направиле 6984 контроли
23.01.2025
(23.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.