(5.02.2025г.) На покана на министерот за животна средина, клима и енергетика на Словенија, Бојан Кумер, денес, во Брдо кај Крањ, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествува на конференцијата за предизвиците во адапација кон климатските промени во регионот на Југоисточна Европа.
Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025г., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година.
Скопје, 03.02.2025. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман потпишаа Меморандум за разбирање
Согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори.
Ве информираме дека можете да аплицирате на ЕУ Академијата за животна средина 2025 година, која се организира од страна Шведската Агенција за заштита на животната средина, во соработка со Европскиот Институт за јавна администрација во Луксембург.
Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата , во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи.