Во врска со најавените протести во општина Битола за 15 март 2025 година, во однос на локацијата за регионалната депонија во општина Новаци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска беше дел од Австриско - македонскиот форум за животна средина што се одржи во Тетово.
Прага, 11.03.2025г. Денес, заменик министерката Ане Лашкоска, учествува на 3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка која се одржува во Прага, Чешка Република.
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Конкурс за доделување на квоти за увоз на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2025 година на кој можат да се јават правните лица кои се појавиле како увозници на флуорирани јаглеводороди (HFC) во периодот 2020-2023 година - стари увозници.
Врз основа на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и РазвојМинистерот за животна средина и просторно планирање донесе Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект ″Регионален проект за цврст отпад″
Се известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање подготви прва нацрт верзија на Националната стратегија за управување со тиња 2024-2034 (НСУТ) што претставува национална политика за управување со тињата што се добива како резултат на преработка на урбаните отпадни води. НСУТ 2024-2034 е подготвена врз основа на законските барања од Законот за управување со отпад. ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА (NEAR/SKP/2021/EA-RP/0184)
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес разговараше со Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.
Состанок на Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт
Амбасадорот на Република Туркије во земјава, Н.Е. Фатих Улусој на денешната средба со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити му упати честитки за превземањето на новите функции во Владата.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.