Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари работна средба со претставникот на Глобалното партнерство за води (Global Water Partnership – Mediterranean (GWP-Med)), Димитрис Фалутсос
Скопје,26.11.2024 Првиот заменик претедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање учествуваше на свечената церемонија на примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.
Скопје, 25.11.2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја посети индустриската зона Визбегово, каде се сретна со стопанствениците од оваа скопска зона.
Со цел намалување на загадувањето на воздухот во период ноември - февруари, кога според извршените мерења секоја секоја година се евидентираат зголемени концентрации на цврсти честички во воздухот, Работната Група за чист воздух изработи, а Владата го усвои, Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
Новите автобуси со компримиран природен гас, пристигнаа во Северна Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на албански и македонски јазик.
Со задоволство ве покануваме да го проследите промотивниот настан за примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.