Прилеп (04.01.2025г.) Заменик министерката за животна средина и просторно планирње Ане Лашкоска заедно до градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески направија увид на завршениот проект зацевување на постоечкиот атмосферски канал на ул. Александар Македонски во Прилеп.
Скопје, 25.12.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.
Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива и зелена иднина со поддршка и потпишување на писмо со намери со реномираната компанија 'Avant Car' која го реализира првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата.
Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање.