Прекинување на прагот на алармирање во Струмица

10.01.2025
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 09.01.2025г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица.

Меџити на средба со Касами

09.01.2025
Тетово, 9.01.2025г. Денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети општина Тетово каде оствари средба со градоначалникот Биљал Касами.

МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат

09.01.2025
Денеска, на повик на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа координативен состанок со претставниците на институциите што имаат обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“.

До почист воздух само конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни во исполнување на обврските

08.01.2025
МЖСПП ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“

Нова епизода на надминат праг на алармирање во Струмица

08.01.2025
(08.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Лашкоска: Вложуваме во комуналната инфраструктура во Прилеп

04.01.2025
Прилеп (04.01.2025г.) Заменик министерката за животна средина и просторно планирње Ане Лашкоска заедно до градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески направија увид на завршениот проект  зацевување на постоечкиот атмосферски канал на ул. Александар Македонски во Прилеп.

Владата и МЖСПП како никогаш досега се сериозно посветени на решавање на проблемот со аерозагадувањето

30.12.2024
Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата. 

Проект за регулација на речно корито на Сува Река

28.12.2024
Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање.