Одделение за биодиверзитет и генетски модифицирани организми

Одделение
Воспоставува меѓуресорска и меѓусекторска соработка во постапка на изготвување, донесување и спроведување на прописи за биодиверзитет и генетски модифицирани организми
биодиверзитет и генетски модифицирани организми

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

 

  • изготвување предлози за измени на постојните и донесување нови законски прописи за зачувување на биодиверзитетот,
  • истражувачки работи за валоризација на локалитети со ендемични, реликтни, ретки и загрозени диви растителни видови (флородиверзитет), габи (диверзитет на фунги) и животински видови (фаунистички диверзитет),
  • координирање на проекти за санација и ревитализација на деградирани природни живеалишта,
  • реинтродукција на загрозени диви видови во природни станишта,
  • иницирање и учество во изработката на едукативни материјали и организирање семинари и работилници за подигање на јавната свест кај младите за значењето на биодиверзитетот,
  •  популаризација и презентација на биодиверзитетот,
  • соработка со специјализирани агенции на ОН (UNEP, UNESCO, UNDP, FAO) и меѓународните организации (IUCN, Wetlands International, BirdLife International, WWF, WUB, BIONET, GROMS), регионални заедници и организации (CE, EU, ECNC, EEA, EECONET, EURONATUR, REC, CEEWEB, BIOECO, BALET),
  • соработка со секретаријати на меѓународни конвенции и договори ратификувани од Република Северна Македонија (Рио-конвенција, Бернска, Бонска, Рамсарска, Вашингтонска, UNESCO-конвенција, Хашки и Лондонски договор) во имплементација на меѓународни критериуми, стандарди и норми за зачувување на биодиверзитетот на национално, регионално и глобално ниво,
  • подготвување предлози за ратификација на меѓународни конвенции, договори и протоколи од оваа област,
  • примена на принципот на одржливо користење на биоресурсите,
  • изготвување (во соработка со националните комитети) национални извештаи за имплементација на меѓународни конвенции и договори во Република Северна Македонија и нивно поставување на web-страна на Министерството, односно на web-страни на секретаријатите на истите,
  • учество на меѓународни конференции, симпозиуми, конгреси и семинари на кои се презентираат резултати и информации за статусот на биодиверзитетот во глобални и регионални рамки,
  • соработка со други органи, научни, стручни институции во реализација на програмски активности за зачувување на биодиверзитетот,
  • координирање, следење и известување за степен на реализација на НПАА (Национална Програма за приближување на право на ЕУ) во областа ГМО,
  • изготвување на стручни мислења за управување со ГМО, - подготовка на подзаконски акти, согласно Закон за ГМО,
  • остварување соработка со сите засегнати страни, научни и стручни институции, невладини организации од земјата и странство во областа на генетски модифицираните организми,
  •  координирање на активности за ефикасно спроведување и  имплементација на меѓународни договори – Картагенски Протокол за биосигурност(Сл.весник на РМ бр. 40/05)
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30