Сашко Јорданов

Помагање во работењето на раководителот на секторот и во спроведувањето на задачите кои бараат поголема одговорност, стручност и самостојност во работата
Сектор за природа
Заменик раководител на сектор
Помошник ракоодител на Сектор природа
Телефон
Е-пошта

Помошник ракоодител на СП - обврски

  • Помага на раководителот на секторот во давање на потребната стручна помош на раководителите на одделенија во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите. 
  • Остварува редовни контакти со другите раководители во МЖСПП и разменува информации и искуства.
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, се грижи за спроведување и извршување на програмта за работа на секторот
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот, кои се појавуваат во секторот и го информира за тоа раководителот на секторот.
  • Распоредување на работите и задачите на раководителите на одделенија во секторот и давање на стручна помош при изготвување на мислења за одделни прашања од делокругот на работата
  • Изработува на програми за заштита на природата во согласност со Законот за заштита на природата 
  • Следи и ја спроведува националната легислатива за заштита на природата
  • Го следи  ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000.
  • Соработува со државни органи (министерства, локални самоуправи, агенции, јавни претпријатиија и др.) субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции и невладините организации за прашања поврзани со заштита на природа
  • Соработува со меѓународни организации за заштита на природата. Соработува со меѓународни организации и агенции  (UNEP, SDC, IUCN, WWF,  и др.)
     
Образование
Дипломиран биолог (VII/1 степен), биохемиско-физиолошка насока, Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје (1991)
Магистер по биолошки науки (VII/2 степен), еколошко-таксономска насока, Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје (1997)
Обуки и усовршување
Учество на обука за управување со проектен циклус во организацијана на Секретаријат за европски прашања (Институтот за обука Коцка, 2007).
Учество на тренинг-работилница во рамки на проектот: Комуникација за заштита на природата, организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Европскиот центар за заштита на природата (2008).
Учество на тренинг-семинари на тема: "Развој и зајакнување на заштитените подрачја во Балканскиот регион"
Учество на семинари во рамки на проектот ГЕФ/УНДП/МЖСПП: "Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија" (2007)
Сертификат за учество на национална работилница за Национална стратегија за одржлив развој, секторска група за шумарство (2007)
Учество на обука: "Македонските национални подготовки за членство во ЕУ од гледна точка на земја членка". (септември 2008)
Сертификат за тренер за Натура 2000 (2017)
Сертификат за учество на Работилница на ИУЦН за проценка на Црвени листи (2018)
Сертификат за учество на меѓународна конференција за предизвици и можности за мулрифункционално упраување со тревестите екосистеми (2019)
Учество на тренинг обуки за различни прашања за Натура 2000 во рамки на ЕУ проектите: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
Учество на тренинг обуки за екосистемски услуги во рамки на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза.
Учество во имплементација на меѓународни конвенции и иницијативи
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Работно искуство
1999-2007 Советник за управување со посебно природно богатство, МЖСПП
2007-2022 Раководител на Одделение за заштита на природното наследство и Натура 2000, Сектор природа, Управа за животна средина при МЖСПП
2022- продолжува Помошник раководител на Сектор природа, Управа за животна средина при МЖСПП
Реализирани проекти и активности
Координација во изготвување на националното законодавство за заштита на природата (Закон за заштита на природата-2004/2005 и релевантни подзаконски акти)
Координација на активности во процесот на подготовка на стратегии, планови и програми за зачувување на природата/биолошката разновидност
Координaција на активностите за валоризација на природно наследство и ревалоризација на заштитените подрачја и природни реткости
Координација на активности за изработка на потребната документација за прогласување на заштитени подрачја и природни реткости.
Следење на спроведување на планови за управување со заштитени подрачја
Следење и учество во изготвување на националните индикатори за природа (заштитени подрачја, Натура 2000 и диви видови) за потребите за изработка на Извештај за состојбата на животната средина со индикаторски пристап
Го следи ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000
Го следи процесот за приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ од областа на заштитата на природата
Ги следи активностите за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ интерест, со цел идентификација на идните потенцијални подрачја за Натура 2000 мрежата
Координација на активности во проект: ГЕФ/УНДП/МЖСПП проектот: "Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитни подрачја во Република Македонија (2008-2011)
Координација на активностите во ЕУ проектот: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
Советник (РТА) во ЕУ твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на заштитата на природата (2017-2019
Активности при изработката на Првата Национална Црвена Листа за водоземци и влекачи во соработка со ИУЦН и национални експерти и утврдување на конзерваторскиот статус на 14 видови васкуларни растенија (2019).
Координација на активности на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза (2012-2023)
Координација на активности во тековниот ГЕФ/УНЕP проект: "Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето"
Публикации
"Влијание на аерозагаденоста врз анатомско-морфолошката структура и содржината на хлоропластните пигменти кај листови од Pinus nigra и Tilia argentea во Скопје како урбана средина", Магистерски труд, одбранет на Институтот за биологија
Јорданов С., Мулев М., Спасеноски М. (1996). "Варирање на хлорофилната компонента кај Pinus nigra и Tilia argentea во зависност од степенот на аерозагадувањето во Скопје"
Мулев М., Меловски Љ., Дерлиева Л. и Јорданов С. (1996)."Содржина на некои тешки метали во почвата и листовите на борот и липата во зависност од степенот на аерозагадувањето во Скопската Котлина"
Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ и Дерлиева Л. (1997). "Каротеноидите во иглици на Pinus nigra како биоиндикатори за степенот на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје"
Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ. и Дерлиева Л. (1997)."Содржина на олово во почвата и листовите на Pinus nigra и Tilia argentea во текот на вегетацискиот период во урбаниот дел на градот Скопје и околината", Годишен Зборник на Институтот за биологија
Јорданов С., Мулев М., Меловски Љ. и Дерлиева Л. (1998). "Влијание на чадот врз содржината на хлоропластните пигменти во листови на Tilia argentea во Скопје како урбана средина"
Јорданов С. и Јорданова В. (2000)."Влијание на атмосферното загадување врз хлоропластните пигменти во листови од црн бор на подрачјето на град Скопје"
Анастасовски В. и Јорданов С. (2000). "Оправданост од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк"
Јорданов С. и Анастасовски В. (2001). “Локалитети во Република Македонија со ендемични, ретки и загрозени растенија”
Јорданов С., Гудески А. (2003). Густина, димензии и длабочина на стомите кај иглички на Pinus nigra во загадена и чиста животна средина. II Конгрес на еколозите на Македонија
Јорданов С., Гудески А., и Мулев М. (2003). Варирање на бројот, должината, ширината и длабочината на стомите кај листови на Tilia argentea од урбаниот дел на градот Скопје и неговата околина. Зборник на трудови од II Конгрес на еколозите на Македонија
Стојкоска Е., Јорданов С. (2003). Проблемите околу заштитата на диверзитетот на конзумните видови полжави и мониторинг на состојбата со собирањето, откупот и извозот на полжавите од Македонија. Зборник на трудови од II Конгрес на еколозите на Македонија
Јорданов С., Брајаноска Р. (2004). Заштита на екосистемите во Република Македонија и идни активности. Меѓународна експерстка работилница: "Начини за промовирање на екосистемски пристап при ЦБД", Вилм, Германија
Група автори и Јорданов С. (2004). Брошура "Откриј го Зеленото злато- Национален парк Галичица". Министерство за животна средина и просторно планирање, Скопје
Јакимовски М., Анастасовски В. и Јорданов. С (2007). Изработка на Стратегија за заштита на природата. III Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество